Search This Blog

Thursday, March 14, 2024

Исус од Назарет

 За кого се однесува стихот Дела 11:26?



На подоцнежна интервенција



Ако анализираме самиот назив Христос,тогаш ќе согледаме дека тој назив во нашиот јазик е многу млад назив.

Факт е дека ние во македонскиот јазик не можеме да направиме ниту една проста реченица користејќи го терминот Христос.

Не можеме да кажеме ,Христосови рани ,Христосов гроб,Христосово Воскресение ,затоа што е неправилно,туку велиме

Христови рани,Христов гроб,Христово Воскресение.

Постои само фразата на Црквата Христос Воскресе, Воистину Воскресе што навлегува после укинувањето на Охридската Архиепископија од страна на Фанариотите и тоа му доаѓа како грцизација на нашиот мајчин.


Ова упатува кон хронологијата на промените во терминот Христ.

Ако како термин Христос е од 19 век ,пред него од некаде 16.5 век се употребува терминот Христ.

Претходно е терминот Крист ,Крест исто како и кај латините денес.

Ова Крист ,Христ нашите претци го надминале употребувајќи го називот Рист, Рисјанство...

Дали и самиот назив Христ воопшто е грчки ?


Ако го анализираме зборот Помазаник како епитет  епитет за Исус ќе читнеме објаснување  терминот Помазан  е од зборот од грчкиот збор Khreien ,а коренот му го бараат во претпоставениот збор 

 * Ghrei .

За овој претпоставен и сеуште  не пронајден збор Ghrei збор значењето му го одредуваат преку англиското 

To rub .

Англиското to rub во превод на македонски е 

- трие .


Ова претставка од агол на нашиот мајчин јазик се доловува со промената 

к->т 

Оваа промена доволна за да им запре претпоставките дека тој збор има грчко потекло 

Со оваа промена читаме вака : 


Khreinen

k-t

Threinen

~Trien 

Триен

Во вака изведениот збор го согледуваме глаголското  дејство ...триење ..истриен ,триен итн ....


Не знам што е грчко/ старогрчко ...?

Ако споредиме со англискиот

 to rub значењето е исто .

To rub = трие.


Триен ,истриен или дијалектички истрлан ,гален ...

:) 


Старогрчко е само толкувањето .

Ништо повеќе..


И пак назад со прашањето од кога се употребува самото титулирање за Исус како Христ ?

:)

-------

 https://www.etymonline.com/word/Christ?fbclid=IwAR3wDyz3_LYTEA9M1JF4ubhhuwDgggZ6JF98g44mHb2LCti7PCsUnQHe0Jg#etymonline_v_11332





Називот што Евреите го користат за да ги опишат Христијаните или како што се вели во стихот ..."станаа првите Христијани " се пишува вака נוצרי .

Тоа на еврејски се изговара како 

Назареец /Назарејци 


Тоа Назареец/ Назарејци отпосле го толкуваат како Христијани .


https://en.m.wiktionary.org/wiki/%D7%A0%D7%95%D7%A6%D7%A8%D7%99



Ајде вака да се прашаме.

Кога терминот Назарејци е заменет со терминот Христијани ?


Еве уште еднаш

Бидејќи Евреите велат Назарејци 

Бидејќи Куранот вели Следбеници на Книгата , а ниту тие ниту тие не спомнуват Христијани во времето на Апостолите 

убаво поставеното прашање е 

Кога терминот Назарејци е заменет со терминот Христијани ?

Sunday, November 19, 2023

Орнаментот

 Или придонесот на религијата на Македонците од древноста во христијанството



Што е заедничко за Фреската на Исус како дете во црквата Св. Богордица Елеуса (Милостива) - една од најстарите во Европа, 9/10 век н.е. - и Златната Маска од Требеништа од 6/5 век п.н.е.?

- Орнаментот. Чисто македонски орнамент. 

Која е симболиката на македонскиот орнамент насликан околу фреската на Исус и на челото на древниот Македонец?


П.С. Третата слика е од древно-македонскиот град Пела, каде што бил роден Филип II Македонски, таткото на Александар III Македонски.

Станува ли збор за една иста Лоза?


Friday, November 10, 2023

Симболот риба

 The pre-Christian history of the fish symbol: 


The fish symbol has been used for millennia worldwide as a religious symbol associated with the Pagan Great Mother Goddess. It is the outline of her vulva. The fish symbol was often drawn by overlapping two very thin crescent moons. One represented the crescent shortly before the new moon; the other shortly after, when the moon is just visible. The Moon is the heavenly body that has long been associated with the Goddess, just as the sun is a symbol of the God.


The link between the Goddess and fish was found in various areas of the ancient world:

# In China, Great Mother Kwan-yin often portrayed in the shape of a fish

# In India, the Goddess Kali was called the "fish-eyed one"

# In Egypt, Isis was called the Great Fish of the Abyss

# In Greece the Greek word "delphos" meant both fish and womb. The word is derived from the location of the ancient Oracle at Delphi who worshipped the original fish goddess, Themis. The later fish Goddess, Aphrodite Salacia, was worshipped by her followers on her sacred day, Friday. They ate fish and engaging in orgies. From her name comes the English word "salacious" which means lustful or obscene. Also from her name comes the name of our fourth month, April. In later centuries, the Christian church adsorbed this tradition by requiring the faithful to eat fish on Friday - a tradition that was only recently abandoned.

# In ancient Rome Friday is called "dies veneris" or Day of Venus, the Pagan Goddess of Love.

# Throughout the Mediterranean, mystery religions used fish, wine and bread for their sacramental meal.

# In Scandinavia, the Great Goddess was named Freya; fish were eaten in her honor. The 6th day of the week was named "Friday" after her.

# In the Middle East, the Great Goddess of Ephesus was portrayed as a woman with a fish amulet over her genitals.


The fish symbol "was so revered throughout the Roman empire that Christian authorities insisted on taking it over, with extensive revision of myths to deny its earlier female-genital meanings...Sometimes the Christ child was portrayed inside the vesica, which was superimposed on Mary's belly and obviously represented her womb, just as in the ancient symbolism of the Goddess." 4 Another author writes: "The fish headdress of the priests of Ea [a Sumero-Semitic God] later became the miter of the Christian bishops." 5


The symbol itself, the eating of fish on Friday and the association of the symbol with deity were all taken over by the early Church from Pagan sources. Only the sexual component was deleted.

-----

Source:

 -B.G. Walker, "The Woman's Encyclopaedia of Myths and Secrets", Harper & Row, San Francisco CA (1983), page  313-314

-. J.C. Cooper, "An Illustrated Encyclopaedia of Traditional Symbols", Thames & Hudson, London, UK, (1979), страна 15

- Clement of Alexandria,Paedogogus,III,xi.

-Barbara G. Walker, The Woman’s Dictionary of Symbols and Sacred Objects, Harper San Francisco, 1988.


Links :

http://www.religioustolerance.org/chr_symb.htm

http://www.aveyincubator.com/fish.htm

http://www.halexandria.org/dward097.htm

Friday, November 3, 2023

Малиот е техничар

 

И 2016   
Технички е невозможно Словените да се доселиле на Балканот во шестиот век

Драгуљуб Антиќ (магистер по нуклеарна физика)

sloveni-mapa

Kои се Словените? Како дошле на Балканот? Кој ги предводел? Како го поминале Дунав? Колку време им било потребно со воловски запреги да дојдат од зад Карпатите до Македонија? Co какво вонвременско оружје располагале за да ги победат староседелците на целиот Балкански полуостров? Што покажуваат математичките пресметки за таканаречената голема преселба на народите? Зошто нема ниту едно име на предводник во преселбата, какви што има за секој поход на разни народи на Балканот пред Големата преселба, но и подоцна? Зошто нема никаква материјална трага од Словените меѓу 6-от и 9-от век?

Последниве десетина години кај многу балкански народи дојде до експанзија во потрагата по корените со критичко преиспитување на ставовите на официјалната историска наука. Освен бројните археолошки и лингвистички истражувања и откритија, особено оние од втората половина на 20-от век, причина за таквата експанзија е и необичната ароганција и нетолеранстноста на Западната цивили зација кон се што не се вклопува во нивната историска догма. Од друга страна, официјалната историја за таканаречената Голема преселба на народите најчесто оперира со претпоставки, па во нивните студии веднаш паѓаат во очи зборивите како „можеби“, „најверојатно“, „се претполага“, „се чини“ и слично, врз основа на кои подоцна се извлекуваат некакви заклучоци.
Според неа, Словените се народ од индоевропската група народи, во која влегуваат уште и германските, романскте, иранските, келтските и други народи, чија прататковина е во Централна и Северна Европа. Во еден запис на Псевдо Кесариј од почеткот на 5-от век, пишува дека Словените „се диви, слободни и без поглавари“. Веднаш се поставува прашањето како без поглавари можело да се организира толкава маса народ да помине толку голем пат и сите на тој пат да им се предаваат и да им се поклонуваат без никаков отпор?! Византискиот историчар Прокопиј, пак, уште во 6от век ќе запише дека луѓето што во огромни колони навалиле од зад Карпатите се „многу издржливи, лесно ја поднесуваат жегата и студот, и влагата и голотијата и скудноста во животните намирници“. Ако биле такви „голи и гладни“, како тоа 15.000 одлично вооружени византиски војници не се осмелиле да влезат во битка со нив туку само ги следеле оддалеку се дури не стигнале во Драч? Како „голи и гладни“ можеле да збришат од лицето на земјата такви цивилизации какви што опстојувале со милениуми на Балканот?

ЗАПАДОТ ГО СМИСЛИЛ, А ИСТОКОТ ГО ПРИФАТИ СЛОВЕНСТВОТО КАКО BИСТИНА?!

Официјалните историчари, без докази, се разбира, тврдат дека од првиот до 4от век некакви Словени живееле во обласата од Карпатите до Балтикот, и од реката Висла до Днепар. Се занимавале со земјоделство, стрчарство, лов и риболов, а од занаетите најразвиени биле ковачкиот занает, потоа грнчарството, дрводелството и кожарството. Биле многубошци, но особена почит имале кон Перун, бог на грмотевицата. Меѓу 4-от и 5-от век, Словените ги преминале Карпатите, но веднаш потоа таа огромна словенска маса наводно се распаднала на три дела со сопствени имиња: западниот дел почнал да се нарекува Венети, и тие биле населени на исток од реката Висла; источните словенски племиња го презеле името Анти, останувајќи меѓу реките Днепар и Днестар, а јужните делови, кои почнале да се нарекуваат Славини, го зазеле просторот од Карпатите до Панонија. Првите напади на Словените на Балканскиот полуостров, според официјалната историографија што го проучува овој дел од историјата, започнале кон крајот на 5от век и траеле до времето на Јустанијан (527-565), при што во еден момент, во 517 година, дел од нив минале низ Македонија Прима и Македонија Секунда, Тесалија, Епир и стигнале дури до Термопилите.
Во 548 година огромна маса Словени се претпоставува дека го преминала Дунав и навлегла дури до Драч. Византиската војска од 15.000 души наводно го следела нивното движење, но не се осмелила да влезе во битка со нив! Во 549 година уште Словени го препливале Дунав и без да наидат на никаков отпор по пат стигнале дури до реката Марица. Во третата половина на 6от век словенските напади на Балканскиот полуостров одеднаш секнале, за да продолжат според овие историчари дури во 581 та година, кога 100.000 луѓе го поминале Дунав, за три години подоцна одред од 5000 словенски војници да го опколи Солун со намера да го освојат. Во 586-та година, пак, околу 100.000 Словени го препливале, или поминале Дунав, со трски за дишење, доаѓајќи во Солунската област. Сепак, дури и официјалните истоиричари, љубители на Големата преселба на Словените на Балканскиот полуостров, признаваат дека сведоштва на византиски автори за некакви словенски племиња на Балканот нема или се многу оскудни, додавајќи дека некакви сведоштва сепак има само за некои племиња дојдени од зад Карпатите во областа околу Солун.

ЛОГИКА И МАТЕМАТИКА, НАМЕСТО ИСТОРИЈА НА ПРЕТПОСТАВКИ!

За разлика од ваквите историчари, кои оперираат со претпоставки и авторски реконструкции на преселбата, голем број експерти кои претпочитаат егзактни методи докажуваат дека таква голема преселба на народите, односно таква невидена преселба на Словените од зад Карпатите на Балканот, со поминување на Дунав како јаз, не само што немало, туку е и невозможна. Co бројки, пресметки и факти тие докажуваат дека таквата преселба на Словените всушност е само добро осмислена стратегија на западните историчари, кои со тоа сакаат да го поништат континуитетот на автохтоните народи на Балканот. Но, да почнеме со ред.
Според историчарите кои воопшто не се сомневаат дека Словените навистина дошле од “зад Карпатите”, најголемата маса од околу 300.000 Словени на Балканот се доселила токму во 626та година?! Значи, за една година, односно за околу осум месеци, колку што може да се патува пред да падне зимата, поминале близу 1500 километри, препливале десетина големи реки, меѓу кои и Дунав, а потоа се населиле кој каде што си одбрал место за живеење. Оние што се сомневаат во тоа, отворено се прашуваат со каква воена сила располагале Словените, кога само за една година поминале толкав простор, скршувајќи го за миг отпорот на староседелците, нешто што во текот на цел еден милениум не им пошло од рака дури ни на Грците, ниту пак на Римјаните? Како е возможно старите жители на Балканскиот полустров одеднаш да исчезнат, дури и ако се прифати претпоставката за нивно тотално истребување од страна на доселениците за многу кратко време, а притоа, парадокслано, останале нивните називи на планините, реките, ридовите, потоците, мочуриштата, изворите, пештерите и слично. Зошто новодојденото население прифатило такво мноштво туѓи називи од своите претходници, кои немилосрдно ги истребувале и прогонувале? Ако доселениците можеле да искажат таква омраза кон староседелците, сметаат овие истражувачи, тогаш врз која основа го прифатиле нивното јазично и културно наследство? Ако, пак, доселениците прифатиле некаков период на заеднички живот во кој успеале да ги научат и усвојат сите називи и обичаи на староседелците, тогаш каква е таа монструозност што ги натерала да ја обноват првичната омраза претворајќи ја во геноцид? Ова се само дел од прашањата на кои официјапната историографија нема одговор, затоа што клучните претпоставки се погрешни. Затоа, потребна е ревизија на целиот процес на наводното доселување! За да се тргне од сигурна стартна позиција, треба да се прифати фактот дека јазикот и народните обичаи се непресушен извор на податоци за истражување на минатото на еден народ. Зошто јазикот? Затоа што тој многу бавно се менува, доколку, се разбира, нема драстично мешање на религијата и на државата. Историчарите кои се сомневаат дека имало преселба на Словените на Балканот посочуваат дека германската нација, на пример, со векови се градела низ процес на германизација на населението, а германскиот јазик преовладувап постепено со помош на црквата и државата. Co слична методологија пред тоа се ширеле и латинскиот и грчкиот јазик, но, сепак, на Балканот, ниту латинскиот, ниту грчкиот, а подоцна ниту рускиот јазик не можеле значајно да се прошират дури ни во периоди на најголема моќ на своите држави. Оттука, сосема е јасно дека никогаш во последните неколку милениуми не постоел период во кој некакви дојденци можеле да го наметнат својот јазик. Затоа, велат овие историчари, постојат јазични разлики меѓу денешните балкански народи, меѓу Србите, Македонците и Бугарите, на пример, иако во последните век или два бил вложен голем труд за нивно целосно бришење. Дури и современиот романски јазик, на пример, кој во последниот век и половина максимално е латинизиран, а романската црква го исфрли од употреба стариот таканаречен словенски јазик заедно со кирилицата, меѓу имињата на топонимите се уште е доминантна таканаречената словенска компонентна и се уште нивниот јазик е преполн со такви словенски зборови за кои не постојат други изрази. Ако е така, ако тој јазик е во основата на јазиците на целиот Балкански полуостров, тогаш сосема е нелогично тврдењето дека таквите Словени добиле писмо дури од Кирил и Методиј. Сведочењето на Црноризец Храбар фрла сосема друго светло на прашањето за писменоста на балканските народи, посочувајќи на исконското постоење на писменост на овие простори. За неофицијалните” истражувачи на оваа проблематика постојат обилни аргументи за сериозно преиспитување на теоријата за описменување на Словените дури од страна на Кирил и Методиј. Меѓудругото, од физичкотехнички аспект, потполно е нелогично новото писмо на Кирил и Методиј за кусо време да се прошири на сите Словени, кои, според теориите на сегашните ортодоксни историчари, живееле на огромна територија, особено ако притоа се знае дека помошта од Кирил и Методиј била побарана поради немоќта да се доведе во ред анархијата со сопствени сили. Уште помалку технички е возможно Климент и Наум, по само 20 години, така лесно да успеат тоа писмо (глаголицата) да го заменат со ново ( кирилицата). Таква ефикасност не може да се обезбеди дури ни денес под покровителство на ОН, ниту пак со поддршка на моќните електронски медиуми.

КОРЕКЦИЈА НА ТЕОРИЈАТА ЗА ПРЕСЕЛУВАЊЕТО

Се разбира, ако се коригира теоријата за преселувањето на Словените, која е смислена од западноевропската историографија, тогаш секако ќе мора да се изврши ревизија и на целокупната современа историска наука, a со тоа мора темелно да се корегираат и сите заклучоци на денес водечките западноевропски нации и држави, сметаат историчарите што се залагаат за преиспитување на претпоставеното масовно преселување на Словените од зад Карпатите на Балканот. Овие истражувачи сметаат дека последниот век и половина најголем проблем во истражувањето на вистинската историја на Словените е како балканските историчари да се ослободат од наметнатата интелектуална инфериорност во однос на Запад за да се овозможи да се сфати дека сите факти за балканската историја се само меѓу балканските народи. За жал, западноевропските историчари уште пред 150 години ја имаат постигнато својата цел: успеале да ја состават својата национална историја на начин кој најмногу им одговарал на нивните национални интереси. Затоа бесмислено е од нив да се очекува било какво редефинирање на балканската историја, затоа што на Западот не му е од интерес да ја опишуваат вековната асимилација на балканските народи и грабежот на нивната историја, култура и писменост.
Според нивната невозможна преселничка” теорија, народи од десетина илјади до неколку милиони луѓе, буквално ја прокрстариле Европа долж и попреку, некои дури и повеќепати, како Визеготите, на пример, правејќи и растурајќи држави, создавајќи нови народи, јазици и култури каде што ќе стигнат, притоа сменувајќи се на разни територии на секои 30 до 50 години! Веднаш по таа бесмислена бркотница, сите тие силни народи одеднаш се смириле и повторно станале земјоделци, сточари, рибари...

СЛОВЕНИТЕ HE СЕ ДОСЕЛИЛЕ НА БАЛКАНОТ

Став на официјалната историографија, кој е доминантен и во Македонија, е дека Словените се доселиле на Балканот во релативно краток период кој обично се сместува меѓу 5от и 7от век. Таквиот став се базира на еден запис на византискиот цар Константин Седми Порфирогенит од 10-от век, според кој главната преселба се случила во 626та година. Токму на оваа историска вистина се прилагодуваат речиси сите наши историчари, специјалисти за тој период, модифицирајќи и отфрлајќи ги сите факти што не се вклопуваат во таквото сценарио. Доколку прифатиме дека вакво масовно доселување навистина се случило, тогаш мора да претпоставиме дека тоа секако морало да предизвика драстични етнички и културни промени на Балканот, иако не се знае како доселениот народ ги избегнал сите асимилаторски процеси во моќното византиско царство без да има пред тоа формирано некаква значајна државна формација. Од друга страна, пак, официјалната, преселничка историографија, воопшто не обрнува внимание на техничките претпоставки за една толку масовна преселба на цел еден народ.
Според мр Драгољуб Антиќ, електроинжинер, магистер по нуклеарна физика и автор на околу 170 научни и стручни студии од својата струка, има многу нелогичности во физичкотехничката изводливост на пресел бата на Словените низ предели испресечени со големи планини, пустини, реки и мочуришта: “Физичкото преселување на населението од едно на друго место подразбира цела низа предуслови и техничка опременост за реализација на преселбата, а потоа и за успешно населување во новата средина. Во секоја селидба не учествува само населението што се сели, туку, во голема мера, и населението што останува на местото на тргнувањето, потоа домицилното население на териториите преку кои се случува преселбата, како и населението меѓу кое доселениците се сместуваат. Фактот што голем број топоними на Балканот се многу постари од 57 век зборува дека тие се наследени од староседелците, зашто наследување на топоними не е возможно ако некој народ се доселува во испразнети или минорно населени простори. Наследените топоними се доказ дека морало да постои долг период на мирен соживот и јазичко проткајување. Меѓутоа, колку и да тврдат западните авторитети дека при големите преселби на народите настануваат големи мешања на населението и создавање на нови народни амалгами, а притоа неброените диви орди доаѓаат од некои недефинирани степи и северни пустари, каде што воопшто немало услови за опстанок на толку бројно население, сепак не можат да не убедат дека таквите преселби се физичкотехнички изводливи. Да замислиме преселба од пределот негде зад Карпатите” во која маса од 100.000 до 300.000 земјоделци со комплетните семејства, и со сето она што ги чини етничка група и организирана економскополитичка заедница, еден убав пролетен ден во 626-та година тргнува на југ и се населува на Балканот во области на медитеранска клима. Притоа мора да се знае дека тоа е население што живее од земјоделие, а тоа значи дека е поврзано со земјата, гробовите на претците, родовскоплеменската организација и некаков организиран систем на одбрана од разбојници и освојувачи. Се разбира дека сето тоа ја гуши желбата за преселба, па логично е таа да биде предизвикана со мотиви кои се појаки од наведените врски со родната грутка. Од друга страна, една заедница од 100.000 до 300.000 лица по правило троши толку храна за луѓето и за стоката колку што ќе произведе, зашто во спротивно вишокот на храна би пропаднап, па нема никаква смисла да се вложува толку тежок труд без потреба. Ако, пак, има вишок на храна, тоа делува на растот на наталитетот, а тоа го поништува вишокот на храна. Како и да е, масовната преселба на земјоделско население подразбира неопходност, освен вообичаената резерва на храна, да се обезбеди и храна за барем уште една година однапред. Тоа значи дека е потребна барем двојна годишна резерва на храна на ниво на заедницата, но ако има можност за такви резерви на храна, тогаш каква е потребата од преселба. Сепак, доколку претпоставиме дека и покрај се овој народ решил негде да се пресели, тогаш се поставува прашањето за транспортот на храната, опремата, алатките, облеката, реликвиите, стоката, живината и друго. Ако едно семејство од тоа време имало по 30 члена во три генерации, тогаш барем неколкумина од нив не се во состојба да поминат пеш пат од 10001500 километри. Значи, потребни се запреги за транспорт на овие лица, но и за резервите храна што се носат, па лесно може да се пресмета дека за едно семејство од 30 членови потребни се во просек 5 тешки запреги со по 4 коњи или волови, или дури 50 товарни коњи, ако семејството нема ниту една запрега”, смета Антиќ.


*МАТЕМАТИЧКА ПРЕСМЕТКА


Колку тони храна за по пат Словените морале да носат за да стигнат здрави и живи на Балканот? Светската воена литература, на пример, прецизно го обработува поимот оброк”. Според која и да е воена енциклопедија, почнувајќи од римските легионери до денес дневниот оброк по војник е тежок од 500 до 1000 грама. Значи, дури и ако се користи оброк само за преживување, односно да се зема храна во тежина од околу 300 грама, за 500 дена, до првата жетва во новата татковина, неопходно е секое семејство од 30 члена со себе да понесе околу 5 тона сува, концентрирана храна. Ваквата исхрана во тек на 18 месеци, ако воопшто е возможна, сигурно би довела до масовни болести. Сточната храна, пак, која исто така е неопходна, повеќекратно е потешка од храната за луѓето. Само за исхрана на еден коњ потребни се дневно меѓу 3 и 5 килограми зоб и околу 5 килограми сено.
Егзактните податоци од оваа област говорат дека просечен товарен коњ може да носи околу 100 килограми товар, а литературата за старите Словени тврди дека нивните преселнички коњи биле високи од 123 до 148 сантиметри. Запрежен коњ на добар и рамен пат може да влече товар со тежина која е трипати потешка од негоната тежина. Оттука, лесно може да се пресмета дека за потребите на преселбата, едно словенско заткарпатско семејство од 30 члена треба да има пет тешки двоколки со no 4 влечни коњи или волови, или, доколку нема запрега, да поседува дури 50 товарни коњи! Толку коњи немало ниту едно семејство, зашто обичната математика покажува дека во таков случај дури 30 коњи се вишок, односно тие не можат да се издржат со храна во текот на целата година. Значи, освен куп храна секое семејство морало да располага и со огромен возен парк од запреги со многу запрежни грла. Ако секое семејство има толку храна, стока, запреги, коњи, свињи, овци и кози, тогаш каде е мотивот за преселба на огромно растојание и во непозната средина. Секако, воопшто не треба да се пренебрегне фактот дека движењето низ непозната средина, со толку стока и храна, всушност е потенцијален плен на разбојници, па потребно е меѓу 1030.000 војници за заштита, од кои барем неколку илјади коњаници, кои, се разбира, исто така, се товар на семејствата. Или, ако се знае каква габаритна колона е колона од 300.000 луѓе, се поставува прашањето со која брзина и колку долго колоната ќе се движи кон целта?


*АЛЕКСАНДАР ВЛЕГОЛ ВО МАЛА АЗИЈА CO 5000 КОЊАНИЦИ!


Според мр Антиќ, математичар и експерт за нуклеарна физика, но и според истражувањата на голем број историчари кои тврдат дека таква масовна преселба за толку кратко време едноставно не е возможна, по претпоставка колоната Словени да тргнала од зад Карпатите со околу 10.000 семејства и преку 50.000 запреги, или преку 200.000 товарни коњи и коњи за јавање, дваесет илјади телиња, јунци, ждребиња и повеќе стотини илјади грла ситна стока, тогаш како е возможно преселба за толку кратко време и тоа токму преку Дунав!


За да видиме кол ку тој потфат навистина е неостварлив ќе се послужиме со сводоштвото на Карл Фон Клаузевиц, пруски генерал кој во 1812 година влегол во Русија и се борел против Наполеон. Според него, еден организиран марш на голема воена формација подразбира брзина на движење од 45 милји за 10 дена. И тоа, се разбира, е одлична брзина на движење за тоа време. Но, колоната на Словените што тргнале кон Балканот не е воена формација, па брзината на движењето на ваква колона е само неколку километри дневно. Ако за оваа преселба биле потребни да се поминат околу 1000 до 1500 километри, јасно е дека за тоа се потребни најмалку околу 200 дена без поголеми несреќи. Дури и ако народот се движи во една организирана формација, иако нема ниту едно име во историјата што останало забележано како водач на ваквата преселба, колоната би била долга околу 1000 километри, зашто секое семејство би зазело околу 100 метра со своите запреги, крупна и ситна стока. Може да се замисли каква колона е тоа, всушност жив мост кој го спојува местото на тргнување со местото на пристигнување. Или, додека едните уште би тргнувале, другите веќе би стигнале во Стоби, на пример. Дури и ако би се организирале десет паралелни колони, а тоа е невозможно, зашто нема таква ширина на просторот низ кој се движеле, должината на секоја колона би била по околу 100 километри. Оттука би биле потребни околу 30 дена секој дел од колоната да ја помине замислената линија на својот пат кон Балканот. Ако, пак, колоната минува низ еден предел во тек на 30 дена, тогаш јасно е дека трева за испаша на стоката може да има само доколку колоната се развлече во ширина, а тоа треба да биде простор од околу 20 километри, кој би требало да се задржи во текот на целото патување. Co вакво покривање на просторот би била опустошена, односно збришана секоја тревка и грмушка на површина од околу 150.000 квадратни километри, или простор кој е шестпати поголем од вкупната површина на денешна Република Македонија. Притоа проблемот со вода за пиење воопшто не е земен предвид од страна на официјалните историчари, кои тврдат дека Словените се доселиле од зад Карпатите токму на Бапканот. Да се напои со вода толкав народ и стока потребно е да се располага со вода за пиење на секои неколку километри, зашто нема никаква можност толкаво количество вода да се носи во запрегите. Слично е и со дрва за готвење и друго. И, на крајот, да претпоставиме дека овие храбри преселници сите реки на патот ги совладале со пливање, со скелиња или со прегазување, но потоа пред нив доаѓа Дунав. Што со Дунав?
Сепак, пред да стигнеме до Дунав, би требало да видиме што вели Клаузевиц за напредувањето на војската на Наполеон кон Москва во 1812 година. Од 301.000 војници кои тргнале во поход, во маршот долг 70 милји за 52 дена, Наполеон изгубил 95.000 луѓе од кои само 10.000 во двете битки; 85 илјади војници умреле од болест и заостанување во колоната. He го земаме овде предвид релјефот низ кој се минува, пошуменоста или планините, котлините и клисурите, кои бараат многу повеќе време од она што е потребно кога се минува по рамно поле. Се разбира дека по пат некои се раѓаат, други умираат; потребни се закопи, или спалувања на мртвите, а за тоа требаат дрва. Пасиштата на југот на Балканот, особено во јужна Србија и Македонија, уште во јуни се речиси сосема суви, а лисјата на дрвјата пожолтени, па нема шанси да се прави ниту лисник за храна на стоката. А притоа воопшто не ги спомнуваме и староседелците на Балканот, или во Македонија, кои ниту Римјаните толку не ги понижиле и покориле како оваа фантастична колона земјоделци што протатнеле низ Балканот дури од зад Карпатите! Но, како и да е, да се вратиме пак на Дунав, прескокнувајќи ги притоа Дњепар, Дон, Волга, Одра и Висла, а притоа како мала илустрација ќе кажеме дека Александар Македонски за да влезе во Мала Азија со 5000 коњаници имал комора од 2500 товарни грла со резерва од храна за еден месец. Колку товарни грла биле потребни за да се обезбеди храна за 300.000 луѓе кои тргнале на пат долг 1500 километри?


*ДУНАВ HE МОЖЕ ДД СЕ ПОМИНЕ CO ТРСКИ ЗА ДИШЕЊЕ!


За да се зборува за поминување на Дунав со трски за подводно дишење, треба да се знаат неколку општи податоци. Имено, Дунав само во должината низ Србија, на пример, има длабочина од 1,8 до 21 метар, и ширина од 380 до 2000 метри. Од Гердап низводно Дунав е длабок 7 метри и широк околу 2600 метри. Во сливот тој во просек е широк околу 15 километри. Од Будимпешта до српската граница, особено на левата страна од Дунав, има повеќе мочуришта во ширина од 5 до 10 километри. Значи, преминот преку Дунав воопшто не е наивен потфат ни денес, а не пак пред 1400 години. Коњаниците во тоа време за премин на реки користеле надуени мешини од разни животни, а во некои учебници често се оперира и со некаков премин преку замрзнатиот Дунав. Останува секако и романтичарската верзија дека Словените го поминале Дунав со движење по дното, дишејќи со трски истопорени над нивото на водата. Оваа верзија се разбира е сосема неверојатна, затоа што ширината на реката од неколку стотини метри, потоа длабочината од повеќе метри, големиот мил, густата подводна трева и бројните вртлози и вирови сосема ја исклучуваат оваа можност. Останува најреално тоа да се стори со пловни средства, зашто чамците и сплавовите биле единствена можност во тоа време да се помине од едниот на другиот брег на Дунав. Но, за превоз на 10.000 семејства потребни се околу 300 сплавови за да може превозот од едниот на другиот брег да се заврши за околу еден месец. Дури и ако претпоставиме дека системот бил многу организиран, потребни се многу дрвена граѓа и илјадници мајстори за да се реализира тој потфат. Сепак, и доколку Дунав некако се помине, следат барем уште месец или два за да се стигне, на пример, до Македонија. И, по сите маки и искушенија, на целта најпосле би стигнале во најдобар случај околу 100.000 луѓе. При таква бројна состојба целата преселба е бесмислена затоа што така мала група население нема доволно моќ да освои територија за населување. Техничкофизичката изводливост на преселбата на Словените од зад Карпатите на југ, на Балканот, со поминување на 1500 километри само во текот на 626-та година, на пример, е сосема невозможна, всушност тоа е утопија измислена од западноевропските историчари за да се поништи континуитетот на балканските народи. Имено, тој потфат не само што не е логичен, туку е и налудничав, зашто практично нема техничкофизички услови да биде успешно реализиран. Поводот за да се измисли една ваква преселба е сумблимиран во тврдењето на Александар Фомич Вељтман дека сите народи на Балканот имаат предантички, антички и средновековен континуитет на истиот простор каде што се и ден денес. Тој, анализирајќи ги записите на Тацит, пасус по пасус, наоѓа логични врски со таканаречените словенски племиња дури и во случај кога се работи за најобични називи и привидно неразбирливи описи. Називите на тие племиња официјалната историографија ги игноирира, или ги препишува на некои изумрени племиња. Вељтман докажува дека зад бројните варијанти на племенски имиња, кои често се модифицирани со превод на значењето на странски јазици, како грчки, латински, германски, готски итн, всушност стојат стари, автохтони балкански народи. Co овие племиња, кои се поклопуваат со локацијата на таканаречените словенски доселени племиња, се докажува континуитетот на ист народ со илјада години, иако современата историска наука воведува бројни нелогични имиња на племиња со неразјаснето потекло, наоѓајќи за целиот тој хаос едно соломонско решение голема преселба на народите”, заклучува мр Антиќ во своето математичко, односно техничкофизичко истражување за невозможноста за доселувањето на Словените на Балканот.
Затоа, смешни се оние кутри луѓе кои пелтечат дека Македонија се антиквизира; Македонија не може да се антиквизира; таа може само да се словенизира според соломонското решение на западноевропските историчари!

Превземено од: МАКЕДОНИЈА НАД СЕ!


За Словените

 

https://forums.vmacedonia.com/1675-post1.html

ЕДЕН ОД МИТОВИТЕ ЗА БАЛКАНОТ Е И МИТОТ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ.
ДАЛИ ИМАЛО ПРЕСЕЛБА НА СЛОВЕНИТЕ,
АКО ИМАЛО КОЈ Е НИВНИОТ ВОДАЧ,
КОИ СЕ ТИЕ, ДАЛИ ИМА ЈАСНИ И АВТЕНТИЧНИ ИЗВОРИ ЗА НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ,
ДАЛИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ДОЈДЕНИ ОД ЗАД КАРПАТИТЕ ?


Сите народи на Балканот се спремаат за влез во Европа. Кога зборуваме за идентитетот, во Европа прво си Шпанец, Германец, Французин, Македонец и др., па после си Европеец. Нашиот идентитет е поврзан со името Македонија и земјата Македонија. Еден од “ Клучните аргументи “ со кои се негира македонскиот народ е тоа дека е дојденец, а другите народи се автохтони и нема право на името Македонија и Македонец. Односно не нарекуваат славо - македонци, словени, скопјани и др. Да го разгледаме проблемот и од тој аспект. Еден од митовите на Балканот е и митот за доаѓањето на Словените. Дали имало преселба на Словените, ако имало кој е нивниот водач, кои се тие, дали има јасни автентични извори за нивното постоење, каде, како и кога тие се спомнати во пишаните извори. Дали денешните македонци се дојдени од зад Карпатите?
Македонија е самостојна држава од 1991 год. Се осамостоивме, територијално, економски но дали се осамостоивме културно во сите области? Македонската историска наука досега произведе: еден сеопфатен труд за историјата на Македонскиот народ-издание во три тома на иститутот за национална историја издадено во бивша Југославија, пред 35 години во 1969 год. Трите книги со 1000 страни кои опфаќаат период од 12500 год. Распределбата на страните по периоди е апсурдна и вчудоневидувачка: за 30 години од 20 век посветени се 330 страни, други 330 страни се посветени за 120 год. од македонското минато, а за 12050 години се посветени останатите 330 страни, а за апсурдот да биде уште поголем, темелот на Македонската историја, зората на цивилизацијата е напишана од автор поканет како надворешен соработник од Белград ( Станува збор за првите 9300 години !? ). Во образовниот систем во основните, средните школи, кадрите по историја и археологија наставните програми се базираат врз овој труд напишан за време на бивша Југославија. Од друга страна пак издадени се многу научни трудови и сознанија за македонската историја, писменост и култура и факт е дека овие сознанија сеуште не се внесени во нашиот образовен систем и не се обработени од институтот за националната историја.
.Покрај овој труд ,во последниве години издаден е и нов труд кој од првиот многу малку се разликува .Во делот за потеклото на Македонскиот народ еволуира и се застанува на стојалиштето дека ,денесните македонци се мешавина на македонците и словените со словенски јазик и култура.Но дали е тоа доволно ,дали е тоа вистината и дали историогравската наука доволно се ангажира за утврдување на историските факти и аргументи.На кабловската телевизија ,ја гледам ТВ Црна Гора.Од самиот момент на осамостпјување,црногорската историографија се даде во офанзива во одбрана на национален идентитет на Црногорците со голем број телевизиски емисии и публикации со теми ,за разликата помегу Дукља и Рашка.
Има многу трудови како на светски автори (и тоа од различни периоди) така и домашни(посебно последниве 17 години) кои изнесуваат бројни историски факти и докази, битни за македонскиот идентитет, но МАНУ и Инстутот за национална историја: “реагираат со брзина и вештина како биол на горештина”

Поаѓајќи од ова состојба не е ни чудно што некои наши соседи го користат, за нивната националистичка пропаганда, нашиот индифирентен однос кон сопствената историја. Од ова произлегува дека треба да се заврши и заокружи процесот на осамостување на македонската држава и народ со конечно културно осамостојување во доменот на историографската наука како важен сегмент за нашето македонско битисување и произведување на еден нов труд од институтот за национална историја од комплетно македонски автори, пропратен со комплетна ревизија на автентичноста на сите досегашни користени Југословенски, Бугарски и Грчки трудови со оригинални извори. Треба да се направат напори да се отворат архивите на Ватикан.(Бидејќи Рим последен однесе во своите архиви многу македонски тајни), да се отворат архивите на Отоманската империја за Македонија, а посебно во Александрија.
Во делот за големите преселби на словените ,ги разгледав ,званичните историогравски трудови на Р.Грција ,Р.Бугарија ,Р.Србија и не се разликуваат.
Интересен е ставот на Руската и Украинската историографија и во нивните трудови пишува дека: “Словените дошле од зад Карпатите”??? (Од кај нив, зад карпатите е Балканот ???)Треба да се напомене дека хрватската историографија ,по осамостојувањето го потенцира илирското наследство и илирското движење во 19 век.
Да видиме што пишуваат домашните и светските автори за нашава тема.За оваа тема јас ке почнам со анализа на трудовите од Макеоднско –Југословенската историогравска наука ,кои се уште се во оптек ,пошто со нив скоро се идентични, Српските ,Грчките и Бугарските трудови ,пошто од нив е препишувана.
Да почнеме прво од цитираните и користени документи во нашата званична историографија (Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава - том први издаден 1981 год. Универзитет “ Кирил и Методиј”) кој званично ја застапуваат – теоријата за населувањето на Словените на Балканот, а во самите од нив цитирани документи им се провлекуваат документи кои кажуваат нешто што е во нелогичност со прифатената теорија за наследувањето на Словените во 6 и 7 век по нашата ера. Во поглавје 44 страна 80 цитиран е документ од делото “ За темите од Константин Порфирогенит” кој во шестата тема Пелопонез пишува : ..... подоцна пак, окако македонците биле победени од римјаните, сета Елада и Пелопонез паднала под јарем на римјаните, 168 год. пред н.е. така што од слободни станале робови. Целата земја се ПОСЛОВЕНИЛА и станала варварска ....... Во објаснувањето под број 388 и 389 се кажува дека се работи за 168 год. пред н. е. и дека глаголот -------------- значи се пословенила.Се поставува прашањето кои се тие Словени во втори век пред нашата ера.
Понатаму читајќи ја “ Историјата на македонскиот народ “ во издание на институтот за националан историја глава 1, пасус 1 и 2 под наслов “ населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров “ ќе забележите дека коментарите за “ сигурните извори “ почнуваат и изобилуваат со фразите: постојат претпоставки, се претпоставува, не е сигурно и конечно објаснето, најверојатно, изгледа, може да се претпостави. Пример ќе ви цитирам некои пасуси во кои се содржани горенаведените фрази: - “првите сигурни вести пак за Словените ги донесуваат римските автори Гај Плиниј, потоа Тацит и Птоломеј, но ни овие автори не зборуваат за Словените под нивното име, туку под името венети и венди,( тогаш од каде констатацијата дека се работи за Словени ???) се претпоставува дека тој назив има келтско потекло....
- “Името Словени првпат се јавува кај некој непознат византиски автор од почетокот на 5-ти век како “Склавини”(овдека е нелогично што не се прави никаква споредба со македонските племенски заедници наречени “Склавинии” во кои живеел македонскиот народ по 168 год. п. н. е., односно по паѓањето на Македонската држава под римска власт.)
- “Какво е значењето на ова словенско име уште не е сигурно и конечно објаснето”
- “Прататковината на Словените НАЈВЕРОЈАТНО била помеѓу реките Висла, Днепар, Десна, Западна дивина и Карпатите”
- “Од својата пратаковина словенските племиња се ширелево сите правци, ИАКО ИСТОРИСКИТЕ ИЗВОРИ ОД 2 ПА СЕ ДО 4 ВЕК НЕ ДОНЕСУВААТ ЗА ТОА НИКАКВИ ВЕСТИ “ !!!!( тогаш од каде ваква констатација ???)
- “По ова време, во визатинските извори не се споменува ни една македонска склавинија. Секако може да се претпостави дека македонските склавинии престанале да постојат 9 века по н. е. ...... историја на м.н. страна 95.Склавинте – словените – пишува Теофилакт не знаеле за христовото име, му служеле на скитското безумие, како на СОНЦЕТО “така и на месечината и на другите ѕвезди, а некои пак им пренесувале жртви и на кучињата.” Глава 3 страна 97. ( Зошто не е направена споредба со Македонските склавинии по 168 год. пред н. е. кои биле многубошци, го имале култот на сонцето и борбата меѓу нив и Византија за покрстување завршила во 9 век по н.е.)
Интересен е записот на Црноризец Храбар “О писменех” во кој тој ги опишува словените (Склавините) и кажува дека тие пишуваат со цртици и рецки, но не кажува кога тие пишуваат со цртички и рецки Историја на м.н. страна 98(и Васил Иљов во својот труд истакнува дека цртичките и рецките се писмо на Венетите и Андите а д.р. Ташко Белчев пишува дека тоа е писмото пред Филип и Александар во Македонија. Филип покасно го создава јазикот кои не како експеранто јазик составен од повеќе јазици ендопски – македонски, семитски, грчки, персиски и други зборови. овој јазик грешно е наречен старогрчки.)
Врз основа на “овие сигурни извори и факти”, направена е сторија (приказната за доаѓањето на Словените) – сето ова горе наведено читателот може да го провери ако ги земе и прочита споменатите трудови.
Други извори од кои знаеме за доаѓањето на Словените се Руски, Бугарски, Спрски и Грчки.
Ако анализираме дека оргиналите на документите нашата наука многу ретко ги има видено, односно во својата работа се служи со цитирање претежно на Бугарски, Грчки,Српски и Руски трудови.
И ако се земе предвид примерот, како Бугарската наука ги интерпретира оргиналните документи – пример на Кресменското востание, онаму каде што македонските востаници пишуваат во својот устав за македонски борци, бугарите го преправаат во бугарски борци.Ако се земе предвид дека Русија цело време претендира да биде центар на сите народи кои го зборуваат Пелазгискиот – виндскиот, односно таканаречениот словенски јазик. И ако се земе предвид дека Грците претендираат да бидат “ Центар на Европската писменост и цивилизација “.Тогаш е јасно колку сите овие извори биле непристрасни во толкувањето на оригиналните документи, а колку имаат своја интерпретација.
Во Македонскиот случај може да се додаде и поговорката дека “ Победниците ја пишуваат историјата”.
Денес во Македонија многу автори како: др.Ристо Иваноски, др.Ташко Белчев, Васил Иљов, др.Душко Алексоски, Проф. Божидар Кирјанов, Вангел Божиноски, Симон Пандески и др. тврдат и приложуваат научни докази дека теоријата за масовното населување на Словените на Балканот е историски фалсификат, теорија без валидни археолошки и пишани документи.Производ е на пет германски филозофи –односно Австриско-Виенската школа,со цел да се направи пресек и дистанца на сите народи на Балканот и пошироко - народите кој зборуваат сличен јазик, со старата култура. Тоа било припрема за експанзија за германската династија(отон први –крал на Грција,Фердинанд за крал на Бугарија.Катерина Царица на Русија и тн.Тогаш е правен костурот ан светската историја и “јадицата е лапната”Многу држави ја базираа нивната историогравска наука врз оваа теорија и ја вткале во својот национален идентитет(Југословенската,Бугарската и др) а некои иако нивните историографски науки имаата увидено дека е фалсификат (Руската-многу руски научници мегу кои поистакнат е Грињевич, укаживаат дела е фалсификат) имаат интерес да ја пласираат таква, со цел ,доминација на сите сто го зборуваат таканаречениот словенски Јазик. ( види: трудови на Грњевич,др.Ташко Белчев, др.Ристо Иваноски и Симе Пандоски, проф. Божидар Кирјаноски и др.)
Тие нагласуваат дека, такво огромно движење на населението не е можно без водач, немаме историски податоци за водач. Токму во периодот кога е наведена преселбата на Словените 6 и 7 век по н.е. македонските градови доживуваат процут во својата култура и развој, што е нелогично. Таквите преселби и војни се проследени со разурнувања. А уште посомнително е што Словените се претставуваат како неписмен и прост народ, па по населувањето и заземањето на Македонија и Балканот наеднаш се вдахнуваат со култура, вајарство, сликарство, виртуозно градежништво и станалесветска интелегенција, па градовите и Македонија процутеле, а од друга старана пак нема никакви информации каде пошло домородното население ???
Нивна констатација е дека поимот “ Словени “ е изведен од поимот
“ Склавинии” кои биле племенски заедници во кои живееле македонскиот народ по пропаѓањето на македонската држава 168 год. пред н.е. Голем дел од македонците кои живееле надвор од градовите, организирани во склавинии останале многубошци и цело време се во борба со Римската подоцна со Византиската власт се до 9-ти век кога завршува и нивното покрстување и тие повеќе не се спомнуваат во историските извори.
Промената на имињата на градовите и реките не е настанато поради таканареченото идење на Словените. Промената е настаната како резултат на ширењето на христијанството, се воделе големи борби за религиско влијание, сите топоними кои потекнувале од периодот на полиетизмот биле менувани, еригон- старомакедонски бог како и аксиос во Црна река и Вардар, Пеле ( бела, пелазги – белнарод ) во По - стол ( кое има значење – столицита на Филип) некои топоними останале, но и тие имаат старомакедонски етимолошки корен пример.
Пелагонија пела – бела, пелазги – бел народ. Село Ракле прилепско кое произлегува од антички јунак – раклес јак човек ,Хе-ракл-ис, Хе– ракле – а во Битола и др. Исто така се менуваат и личните имања во христијански, тоа е процес кој траел скоро 1000 години. Покасно со ширењето на муслиманската религија македонските муслимани ги променија своите имиња, но пак останаа македонци.
Неспорно е дека Македонија во владеењето на Рим и Визант цело време е изложена на напади, освојувачки и плачкашки походи на разни племиња на Хуните, Аварите, Бугарите и др., но со тоа битно не се изменил етничкиот состав на населението кое си ги задржало традициите, културата и јазикот. За овој факт говори во својот труд проф. Божидар Кирјанов кој ги споредува границите на македонските племиња нацртани на карта од римски геограв, после пропаста на македонското царство 168 год. п.н.е. и картата на границите на дијалектите на македонското население направена од др. Видески во 1945 год., за да му послужи на Блаже Конески да го формира македоскиот литературен јазик. Границите на тие две карти геометриски се поклопуваат што значи дека народот и неговиот јазик се во континуитет од антиката па до денеска.
Интересен е трудот на др.Ристо Иваноски кој има докторирано во Виена – Аустрија и кој ги проучува преселбите на народите од аспект на крвните групи и анализата на археолошките наоди и трагите од домашните животни кои никогаш сами не патуваат, па ниту луѓето се селат без домашни животни. Тој пишува дека траги од задкарпатски домашни животни нема во Македонија и Балканот, додека траги од домашни животни од Балканот и Македонија ( вепарот, кравата буша и др. ) зад Карпатите има и тоа во последните 3000год. што значи дека селењето на народите никогаш не се случило од север ( зад карпатите ) кон југ, но дека имало преселби од југ Македонија и Средоземјето кон север.
Во својата книга “ Средоземјето прадомовина на Европјаните “ на страна 279 Ристо Иваноски пишува: На Балканот живееле Македонците, кои ја основале Византија. Токму во тоа Македонско царство се јавува проблемот со Словените. Не оти таков народ постоел туку така биле наречени темите – области – склавинии, во кои постоеле племенски заедници на чие чело биле поставувани воени команданти стратези, задолжени за воената и цивиланата власт надвор од градовите.
Народот и натаму си го користел пелазгискиот – македонски народен јазик, а власта јазикот коине.
Народот тие единици ги нарекувал со својот говорем јазик “склавинии “ што произлегло од клавани, поставувани намесници. Ристо го цитира Острогорски “ Византискиот Балкан се распандал во редица “ Склавинии”. Така тогаш ги викале самите византици областите во кои византиската централна власт фактички не функционирала”. Константин 2 века во 656 год. тргнал против Словените на Балканот, Теофан вели дека тој тргнал против Склавиниите каде што многу заробил и покорил. Од наводот на авторот се гледа дека никаде немало словенски простори за да постојат Словени и не се наведува терминот Словени, туку само Склавини.
Др. Ташко Белчев во своите повеќе томови изданија за Македонскиот народ и култура пишува, дека сегашниот Македонски народ и јазик не е дојден односно донесен од зад Карпатите. Тој е тука присутен физички и културно илјадници години пред н. е., од неолитот. Тоа го поткрепуваат со археолошки, културни, архитектонски и др. наоди.
Илијада од Хомер содржи повеќе од 2000 зборови чиј корен е задржан со исто значење до ден денес во Македонскиот јазик. Јазикот кој денеска го зборуваме е стариот Пелазгиски јазик кој постоел уште пред доаѓањето на семитите – грците од Палестина на Блаканскиот Полуостров. Целокупната култура си постоела. Во неолитот ја Обожавале Големата Мајка, а подоцна станале многубошци и имале многу богови како АСКЛЕПИ – богот исцелител ( некој да те склепа да те направи, поправи) Аф-роди–та (божица на раѓањето плодноста и убавината)Зевс и др. Имињата на сите богови, како и топонимите на реките, езерата од тогашно време имаат ( кишава – киша дожд, загора – гора, Пела - бела и др.) пелазгиско – македонско етимолошки корен.
Јазикот кој го создале Филип и Александар, како што кажавме погоре е експеранто јазик во кој има околу 60% пелазгиско – македонски зборови.
Кирил и Методиј го реформираат, го прочистуваат јазикот коине од странските семитски, персиски и други зборови истото го прават и со писмото кое го доближуваат до старото линаерно писмо.( Во Македонија има надгробни плочи , плочи со натписи стари 3000 год. на пелазгиски – старомакедонски јазик кои тогашната Југословенска наука со кој беше и сеуште е македонската наука не сакаше да ги проучува, затоа што не се совпаѓаа со теоријата за идењето на Словените на Балканот, пример на еден од натписите на кој пишува и кој се чита од напред кон назад гласи: “ мц об ц лц “ се чита сл с бо см односно, само со бог сум “ )
Друг интересен автор е Симе Пандески од Битола., Во Торонто, Канада живел скоро три децении. Активен интелектуалец во македонската дијаспора, кој пребарувајќи 

За Темите

" За темите од Константин Порфирогенит” кој во шестата тема Пелопонез пишува : ..... подоцна пак, окако македонците биле победени од римјаните, сета Елада и Пелопонез паднала под јарем на римјаните, 168 год. пред н.е. така што од слободни станале робови. Целата земја се ПОСЛОВЕНИЛА и станала варварска ....... 

Во објаснувањето под број 388 и 389 се кажува дека се работи за 168 год. пред н. е. и дека глаголот -------------- значи се пословенила.Се поставува прашањето кои се тие Словени во втори век пред нашата ера.

                                               *** 

Tuesday, July 25, 2023

Лавот кај Бугарите

 Симболот лав во соседна Бугарија 


Еве една теза околу појавата и  присуство на овој симбол таму 


 Ристо Ивановски, „Средоземјето прадомовина на Европјаните“ (1998) пишува: „Тогаш се појавил проблем со името Бугари. Бидејќи Бугарите со монголски изглед и татаро-турски јазик..., се изјаснувале и попишувале како ‘Стари Бугари’. Така, тие во 1829 година се преселиле во Бесарабија и Молдавија како Бугари, додека останатите во 1880 година се запишале како ‘Стари Бугари’. Дури и православните Гагаузи се изјасниле, исто така, за ‘Стари Бугари’...(Сегашните се „Нови Бугари“-кутри Бугари не знаат што се,Р.И.)

 Не само тоа, тие до 1908 година немале бугарска држава за да постои нејзин народ, туку само кнежество. На господарите на таквата кнежевина им бил потребен симбол за храброст и моќ, лавот. Кога на власт стапува принцот на Хесен во 1878 година Александар Батенберг се утврдил лавот за кнежеството на кнезот. Овој симбол бил важен и кога кнезот Фердинант I Кобурт станал цар во 1908 година и тогаш Бугарија преоѓа во држава за да има свој народ. Легендарниот Македонец Јане Сандански се борел против овој симбол и на бугарските ‘доброволци’ им велел: ‘Ако сакате да се борите за Македонија, симнете го тој лав од капата’...“. (Лавот бил само на „Ново Бугарите“, кои биле германско дело, Р.И.)

 Бидејќи сегашните Бугари се Ново Бугари, а лавот бил и баварски, Македонците не можеле да бидат Стари Бугари, па ниту Нови Бугари со германски лав на германската Бугарија туку само Македонци.

 Како што Елада била германска со до денес баварско знаме, и Бугарија е германска со германски лав!

Sunday, July 2, 2023

Метохија

 Иметок

Меток

Иметок


Имање

Црковно 

Од времето на Цар Самуил



Tuesday, April 11, 2023

Hellene and Greece ,term leveling

 Hellene and Greece , the terms leveling


                   Hellene 


H->X different orthography for the same sound 

x -> k`s 

The Latin consonants, except as noticed below, were pronounced more or less as they generally are in English. 

Notice for letter x : 


x was pronounced ks, as in English extra (not gz as in examine, nor kz as in exonerate).1


*Xellene 

K`S ellene 

i->e ->je 

''` sellenje 

“`Selenje 


Explanation for the word selenje as it given at Macedonian-English dictionary is: 

"Selenje n. removal, resettling ,migration "2

 


    Selenje or Migration 

                    -explanation of: 


"Migrātiō, ōnis f removal, migration; change of meaning. 

Migrō 1 a) to remove, depart, emigrate (ab, ex, de re in or ad alqd); 

b) trans. to transport; to transgress."3 


 


"migrant n 1. a person or animal that moves from one region, place or country to another . 

2. an itinerant agricultural worker. ~ adj. 

3. moving from one region, place or country to another; migratory. 

migrate vb.(intr.) 1. to go from one place to settle in another, esp. in a foreign country. 

2.(of birds, fishes, etc.) to journey between different habitats at specific times of the year.[C17: < L migrare to change one’s adobe] –mi’grator n. 

migration n. 1.the act or an instance of migrating. 2. a group of people, birds, etc. migrating in a body. 

3. Chem. a movement of atoms, ions, or molecules, such as motions of ions in solution under the influence of electric fields. –mi’grational adj. 

migratory adj.1. of or characterized by migration. 2. nomadic; itinerant ..."4


                   Mi^gratio=Grætio=Greece


Text below have its part to give some examples of letter m changes into ancient dialects of the Hellenes ,and some changes parallel between them and Latin langue, 



"Changes of μ, esp. in dialects: 

III 

2. Aeol., as αμμες υμμες єμμα єμμι for ημєις υμεις єιμα the vowel or diphtong before it being shortened, Greg. Cor.p. 597 ; - αμμες and υμμες also in Hom.and Ep. 


III. μ is freq. added or left out, acc. to dialects, 

1. at the beginning of a word as αρυω μηρυω, ια μια ,ονθυλєυω μονθολєυω, οσχος μοσχος , οχλєυς μοχλєυς , υραξ μυραξ ,μαλη Lat. ala Buttm.Lexil. v.ουλαι 4. Lob. Phryn. 356; so ΄΄Αρης , Lat.Mars, ανηρ, Engl. man."5





The Latin consonants… except as noticed below, were pronounced more or less as they generally are in English. 

              Notes for letter t : 

"  t (ratio) always had its proper sound; ra-ti-ō was pronounced as it is written ( not with the sound of sh as in English rational, nor with the sound of ts, although in many Italian words t has been replaced by a z which is pronounced as ts – e.g. giustizia from Latin iūstitia )."6





From here we can notice that in a lot of Italian words letter t has been replaced by a z ,which is pronounced as ts. 

We could compare not only example of the word iūstitia- giustizia, but at the words Dalmatia pronounced as Dalmatsia ,Croatia, pronounced as Croatsia, in my mother tongue written as Dalmacia, pronounced the same as well. 

This letter deviation reality could be taken as example to analysed letter t deviation at the word gratio. 

GraTio 

t->ts-c 

*Gratio->*Grætio->*Gratsio->*Grætsio –>*Græcio-Greece 

Gratio pronounced as Gracio and this days spelt as Greece with the meaning same as Hellene 


Hellene and Greece two different words meaning one and the same 

at two different languages . 

Hellene= Selenje in Macedonian 

Greece = Migration in Latin

or Helens =Greeks=newcomers=imigrants


:) 

-----

Ref :

1-S. A. Handford and Mary Herberg “Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … p.8-9


2- Dušan Crvenkovski,Branislav Gruić “Dictionary English-Macedonian,Macedonian-English“, Naša Kniga,Skopje,1993...p.918


3-S.A. Handford and Mary Herberg “Latin-English, English -Latin dictionary” Germany 1955, 1966.Berlin and Munich … p.200


4-“The new Collins concise dictionary of the English language”. London & Glasgow 1987…p.714-715 

Standard ISBN 0 00 433091-9 

Indexed ISBN 0 00 433070-6 


5- Henry George Liddell and Robert Scott “Greek-English Lexicon” ,London,1896… p.953

Grætia=Græcia 


 6-Ref: S. A. Handford and Mary Herberg “Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … p.8-9 


p.s.

 from the arabic "yalla" = to come.

Wednesday, April 5, 2023

Sclavinia by Basil Chulev


 Sclavinians are mentioned east of the Rhine and in north Germany and Hungary,as they are also mentioned in Spain,Asia Minor or North Africa.

Thus multy purpose Latin- coined administrative term was regularly used for particular area or groups of areas ...

Todays reflection of this




term is Enclave.

--------

North German Historian Adam from Bremen in eventh cen.gave us precise description of "Germania" from that time : " Sclavinia is 10 times bigger than our Saxony,(....) inhibited by Vinuli,which are sometimes called Vandali