Search This Blog

Sunday, April 13, 2014

 Да направиме комбинација на претходно изложените симболи анализирани во претходните постови

Оној за малата буква м каде излеговме со тезата дека



| ` = Ма



и оној за услово големата буква М



односно симболот на Големата Мајка кој што се изговарал како Ма.

Ел е најстариот назив за Бог кај оние што себеси се сметаат за народ избран во очите на Господа Бога. Ел е титула која кај избраните е сеуште со непозната етимологијата.

Се претпоставува дека кај Евреите титулата е преземена од народот кој што претходно живеел на териториите каде што денес се наоѓаат Израелците.

Тој народ денес во науката се дефинира како Каанци,според името на територијата забележан од страна на жителите на она што денес би се нарекло древен Египет. Денес на територијата на таа древна условно каанска земја се вршат ископувања,при што од пронајдените цел еден корпус од гравури,само околу тринаесетина влегуваат во најтесниот избор на можното објаснување за потеклото на титулирањето на поимот Бог.

Името на Бог во древниот Негев:
Истражувањата на Прото-Синајските гравури направени од И. Бејт-Ариј и Б.Сас, резултирала со откривање на неколку натписи за пан Каанското име за Бог (ЕЛ),на Синај датирани во периодот помеѓу 17 и 15 век пред новата ера. На натписите Мин Л., Синај Бр. 377 и 378 а исто така и #`с 350 и 363 било идентифицирано името ЕЛ со очигледна јасност. Гравури на дел од натписите од колекцијата на Проф. Бенџамин Сас,се претставени во неговата публикација од 1988, целосно исцитирана во Библиографијата .Од овие пак тринаесетина пристапуваме кон онаа што е најблиску до сопственото ни објаснување. Тоа е гравурата означена со бројот 98



Во хибру јазикот поимот Бог се запишува со следниве букви : = ЕЛ ( Бог ) 6

Кратките натписи се навистина многу вредни, и како такви, воопшто не ви останува простор за аргументирање.Доколку пак таков простор и постои,тога тој е сосема мал ,така што критичарите немаат околу што да оспоруваат. ЕЛ е широко прифатено како титула за Бог од страна на целиот Канаански народ и неговото име се соединува со Ја во некои Прото-Канаански натписи. Титулата Ја сеуште не е пронајдено во Синај, или можеби само останало неоткриено? Сметајќи дека просторот за аргументирање постои,ние споредуваме,за да надополниме, за да дојдеме до етимологијата што сеуште ја нема кај браќата Израелци. Значи ,Ел во хибру јазикот означува Бог .Според нашево

 = Е=Ма

 = | ` = Ма

Оттука имаме:

Е=Ма

Л=Ма

ЕЛ=Ма+Ма

ЕЛ= МаМа или Мама

Зошто е тешко да се пронајде ваквата етимологија?

Одговорот на прашањето го дава Библијата,каде се чита што Мојсие му наредил на својот народ, да прави и како да се однесува спрема каанските жителите на каанската територија во која се населувале ..``Немој да им се клањаш на боговите нивни, ни да им служиш,ниту да правиш што тие прават ,туку урни ги и ликовите нивни уништи ги...’’7

____________

Извор:

6-Sass, Benjamin. The Genesis of the Alphabet and its Development in the Second Millennium B.C. (Ägypten und Altes Testament 13)1988.. Wiesen .

7 -Излез ,Втора книга Мојсеева 23:24

Интернет линк:

http://net.lib.byu.edu/imaging/negev/names.html

No comments:

Post a Comment