Sunday, April 13, 2014

- “Додека во санскритот дума е дим,дух ...кој што во Библијата ја добива компонентата на третата божја одлика -дух свети ...’’
да надополнам со едно размислување за тоа како некој од авторте што ја изучуваат проблематиката на потеклото на зборовите Деус,Тхеос, се имаат изјаснето ,околу креативноста на тоа трето божјо обележие -Светоста на Духот 

Анатоли Либерман напишал вака:
- “ Многу од етимологиите на грчкото Theόs и латинскиот Deus се дојдени од средновековните автори.
И двата збора се фамилијарни (од англискиот “ теологија’’ и “божествено’’) и нив се сметаше како потврдено дека Theόs и Deus се два различни изговори на еден ист збор,(но оваа идеа се покажа за неточна),и дека името на нашиот Господар има некаква врска со Неговата Величина,силина и така натаму-што би била и нормална претпоставка ако на таков начин се пристапува 
(со проблематиката).Но, бидејќи “на некои плодови од средновековието им неостига сокот, дури и во цветот на нивната младост’’,како во примерот кога Деус е изведуван од фразата dans eternaum uitaim suis ( [ Оној ] што ќе даде живот вечен.Некои пак(во Средниот век) биле досетливи .На пр. Theόs се споредувал со théo (да се брза) thermόs (топол),and áithos (оган, пламен),меѓу другите и латинскиот збор homo (човек ) бил согледуван преку зборот humus (земја) Денес почитувајќи го фактот дека потеклото им, не е целосно разјаснето ние веруваме дека Theos и Deus означувале “Дух’’и “сјај’’,“слава’’. Нашето гледиште ја има подршката на веќе испитаните процедури; тие не се фантазија, како што ниту нашите изговори денес во принцип многу не се разликуваат од гласовите “брзање’’, “огнени“, “антена’’ ....’’ 1
______________________

Забелешка:

1 - Anatoly Liberman.“ Word origins: -- and how we know them”,Oxford. New York. 2005, стр…. 13.
Net link: