Thursday, June 4, 2015

Crkovna Istorija

Crkovna 
Istorijahttp://www.makedonskosonce.com/broevis/2005/sonce595.pdf/31_34_Petar_feljton.pdf

Српската црква под јурисдикција на Охридската патри- јаршија била повеќе од сто години, 1441-1557 година. Тоа се случило непосредно по освојувањето на Косово од страна на Османлиите, откако војските на војводата Јанко Хунјади - Сибинјанин (1408-1456) не успеале да го одбранат овој дел на Србија, бидејќи не биле во состојба да им се спро- тивстават на големите османлиски војски. Во поглед на вре- мето на укинувањето на Пеќската црква и нејзиното при по ју- вање кон Охридската, во науката има различни толкувања. Според еден грчки документ, тоа се случило непосредно по паѓањето на Српското деспотство во 1437 година, а според срп скиот историчар Руварац, еден од најдобрите познавачи на историјата на Српската црква, "Пеќската црква била укината и припоена кон Охрид подоцна, во 1459 година". Од тогаш до 1557 година, што значи "цел еден век Пеќската црква била под јурисдикција на Охридската патријаршија". Имено, Руварац соопштува дека "во продолжение на цел еден век Српската црква била без сопствени патријарси, бидејќи й била пот- чинета на Охридската патријаршија". Подоцна ова тврдење Руварац го дополнува и го поткрепува со една многу важна грамота, со која "цариградскиот патријарх Иеремија ги при- знава правата на Охридската патријаршија врз епархиите на поранешното Пеќско патријаршиство". Речиси исто становиште има и бугарскиот историчар Три- фонов. Тој укажува на податокот дека "Пеќската патријаршија не само што й била потчинета, туку била и соединета со Охридската патријаршија, и тоа не по паѓањето на деспотството во српските земји, туку многу порано, пред 1437 година", под чија јурисдикција останала 120 години. По укинувањето на Пеќската црква, Охридската патријаршија почнала на осман- лиските власти да им ги плаќа даноците кои дотогаш ги пла- ќала Српската црква. Имено, данокот се собирал од архи је- рејите на поранешната Пеќска архиепископија, сè до 1557 година, кога последната по трет пат неканонски се оса мо сто- ила, што значи само по државна, а не со согласност на Мајката црква, на Охридската патријаршија и на Вселенскиот синод, што било спротивно на евангелиските правила и канони. Во средината на XVI век повторно оживеале сепара тис тич- ките стремежи кај некои српски владици. Прво се побунил сме- деревскиот митр. Павле, во 1530 година, кој се обидел својата митрополија да ја отцепи од Охридската црква, но не успеал. На страната на Охридската катедра, со која управувал енер- гичниот патр. Прохор (1527-1550), застанала не само целата Источна екумена, туку и официјалната османлиска власт, по што тој бил отстранет од црквата и анатемисан. Во 1557 го- дина, со исти мотиви, стремежи и амбиции настапил и ѓаконот Макарие, поранешен калуѓер во манастирот "Хилендар" и бли- зок роднина на везирот Мехмед-паша Соколовиќ. Дејствувајќи од сепаратистички позиции, со интриги, со притисоци и со поткуп, неколку пати се обидел да го компромитира патр. Про- хор, за да може полесно да ги постигне своите цели, но не ус- пеал. Ова замисла тој ја остварил дури по неговата смрт, иако во свои раце ја имал силата, што зборува дека охридскиот по- главар уживал голем углед и авторитет во владата на Турција, во чии кругови бил ценет како голем политичар, црковен дипломат и стратег. Благодарение на залагањата на везирот Соколовиќ, во 1557 година издејствувал ферман кај Високата по рта за обнова на Пеќската патријаршија. Со оглед на тоа што зад целиот случај, како голем заштитник, стоел везирот Соколовиќ, со чија помош бил издејствуван сул- тански ферман, Охридската патријаршија била немоќна да стори било што против оваа акција. И овој пат, со силата на ар- гументите, таа сакала да докаже дека иако ферманот бил доне- сен со државен указ, по државна линија, сепак не бил канон- ски, бидејќи бил донесен надвор од врховната црковна власт, без согласност на Мајката црква, на Охридската патријаршија и од Светиот вселенски собор, што било вообичаена практика во христијанскиот свет. Врз основа на евангелиските правила, Охридската катедра по втор пат фрлила шизма врз неканонски отцепената Пеќска патријаршија, која никогаш не била отпо- викана. Тоа значи дека Српската црква (Пеќската патријаршија) и денес формално-правно, евангелиски и канонски и натаму е под ведомство на Македонската православна црква, на Охрид- ската патријаршија - Прва Јустинијана, сакал тоа некој да го прифати или не. Историјата памети и таа не може да се негира и прекројува. Фактите се факти и тие со ништо не можат да се оспорат. А бидејќи српските иерарси, задоени со големосрпски национализам, хегемонизам, сепаратизам и шовинизам, ги не- гираат овие историски факти и се владеат според дневната на- ционал-шовинистичка политика, а не според евангелиските норми и правила, Македонската православна црква има суве- рено канонско право да не ја признава автокефалноста на Срп- ската црква. И бугарските цареви, како и српските, почнувајќи од бра- ќата Петар I Асен (1190-1195) и Асен-Константин Тих (1186- 1196), до Калојан (1197-1207), не посегнале по автокефалноста на Охридската црква. Со цел да го намалат влијанието на Ох- рид и на Цариград во бугарските земји, и да создадат про- тивтежа на балканските духовни простори, браќата Петар и Асен ја прогласиле Трновската епархија за Архиепископија. Тоа бил неканонски акт, кој бил анатемисан од нејзината Мајка црква - Охридската патријаршија - Прва Јустинијана и од Све- тиот вселенски синод. Кон неканонски отцепената Бугарска црква биле приклучени сите бугарски епархии, дел од нив биле под јурисдикција на Охридската, а дел под Цариградската црква. Пркосејќи им на овие цркви, во периодот меѓу 1185 и 1204 година, Трновската архиепископија ги зела под свое ве- домство епархиите до каде што се протегало владеењето на бугарските цареви: Видинската, Средечката (Софиската), Вел- буждската, Нишката, Врањанската, Призренската и Скопската епархија. Бидејќи ниту Архиепископијата, ниту првиот бугар- ски архиепископ Василиј, не биле признати, како од небу- гарските епархии, кои насилно биле припоени кон Трново, та- ка и од Вселенскиот синод, бугарскиот цар Калојан почнал преговори со папата Инокентиј III (1198-1216), барајќи трнов- ското архиепископство да го прогласи за Патријаршија, а Ва- силиј за патријарх. Ова барање било делумно задоволено, со тоа што Трновската архиепископија останала тоа што била, а нејзиниот поглавар бил унапреден во чин примат. Во одго во- рот на писмото од Калојан, папата Инокентиј III напишал: "Рим го исполни барањето на Словените, со тоа што на Самуил му испрати златна царска круна и патријаршиско достоинство, со Свето Папско Послание". По распаѓањето на државата на Калојан (1207), Охридската црква ги вратила насилно одземените епархии од страна на Трновската архиепископија. Подоцна, кога Иван Асен II (1218- 1241) го обновил бугарското царство, битно не се променила политиката кон Македонската црква. И овој бугарски суверен не посегнал по нејзината автокефалност, но затоа, пак, водел енергична борба економски да ја ослабне и да го намали неј- зиното влијание, бидејќи таа уживала голем углед и авторитет, не само кај македонската, туку и кај немакедонската паства, со крајна цел - Трновската архиепископија да ја наметне како во- дечка црква на Балканот. Сепак, во тоа не успеал, бидејќи се работело за црква со стара историја, култура и традиција. Со на влегувањето на Османлиите на балканските простори (1371), прво била укината Трновската, а потоа и Пеќската архие пи- скопија, а ја задржале само Охридската, поради нејзината др ев- ност и углед во христијанската паства. Епархиите на уки натите цркви, Бугарската и Српската, целосно потпаднале под ју рис- дикција на Македонската - Охридска црква. Под нејзино ве- домство останале сè до укинувањето (1767), што било не ка- нонски акт, бидејќи тоа било направено по државна, а не по црковна линија. Ова само како хронолошко потсетување за современите духовни агресори, негатори и фалсификатори на историјата, на историската наука и акрибија, кои се обидуваат својата Мај- ка-црква да ја преименуваат во ќерка, за да ја стават под свое ведомство. Овие историски факти и сведоштва се мал дел од големиот историски материјал и ризница во која се посве до- чуваат античката древност, приматот, угледот, автокефалноста и достоинството на Охридската црква во нејзиното двеми ле- ниумско постоење, како автохтона, национална црква на ма- кедонскиот народ. Бедната историја на Српската и на Бугар- ската национална црква очигледно ги тера современите ду- ховни агресори, архијерејите на тие цркви, без и малку срам, чесност и достоинство, да посегнуваат по автохтоноста на нај- старата црква на Балканот, по нејзиниот суверенитет и инте- гритет, настојувајќи да ја подјармат, свесно и тенденциозно негирајќи ја нејзината автокефалност, историја, култура и тра- диција. Фактот дека Охридската патријаршија била членка на Вселенскиот собор (Синод), кој го сочинувале петте нај ста ри и најголеми христијански православни цркви во Источната еку- мена, од кои две апостолски - Охридската и Александриската, доволно уверливо кажува за нејзината автохтоност и за ду-ховниот суверенитет и интегритет. Во многу случаи охридските
поглавари раководеле со Цариградските собори, со Светиот вселенски собор (Синод) и биле арбитри при отстранувањето од престолот на цариградските патријарси кои се огрешиле пр ед Бога и паствата. Еве два примера за да се види колку биле големи улогата и значењето на Охридската патријаршија во православното христијанство. Во јануари 1565 година ох- ридскиот патр. Пајсиј, претседавајќи со Цариградскиот собор, го симнал од престолот цариградскиот патријарх Јоасаф II, поради симонија, а 20 години подоцна, во март 1585 година охридскиот патр. Гаврил го симнал од престолот царигр. патр. Пахомиј II, поради поттикнување раздор во црквата. Со бор- ските документи редовно ги потпишувале и охридските по- главари. На овие акти "потписот на охридскиот патријарх доа- ѓал де на второ, де на трето место, веднаш по потписот на ца- риградскиот, односно на александрискиот патријарх". Во нив никаде не фигурирало име или потпис на некој српски или на бугарски архиепископ-патријарх, што било сосема разбир- ливо, бидејќи тие цркви, со мали прекини, биле под постојана  јурисдикција на Охридската црква, која не била ниту српска, ниту бугарска, туку "чисто македонска античка древност". Покрај ваква брилијантна историја и светло минато на Све- тата Македонска Охридска црква, зачудуваат непримерните постапки, "наивноста" и понижувачкото однесување кои не- кои се обидуваат да го наметнат. Дали недоволно се познава историјата на нашата Црква или, пак, тоа се прави свесно и тенденциозно, под влијание на некој центар на моќ, со цел да се минимизираат нејзината историска улога и значење!? Како да се бара некакво признавање од Црква која вечно била под ведомство на нашата Црква? Иронија е Мајка да бара при зна- вање од ќерка. Ова е единствен случај во историјата на хрис- тијанството. Треба длабоко да се размислува за последиците по духов- ниот суверенитет и интегритет на Македонската црква. Ова е измислен спор. Овој случај нè подучува дека мораме да го за- чуваме традиционалното достоинство на МПЦ, на Светата Охридска патријаршија - Прва Јустинијана, да се штитат маке-донските национални црковни интереси. Тоа не треба да биде работа само на Црквата, туку и на државата, без оглед на ус- тавните ограничувања, бидејќи таа е нејзин органски дел. Са- мо така ќе можеме да ги зачуваме духот и словото на древната Македонска Охридска црква. Во овој контекст потребно е да го истакнеме и податокот де- ка некогашните охридски поглавари, оние кои во многу мрач- ните, судбоносни и тешки времиња успешно им се спротив- ставувале и им пркоселе на обидите на разните агресори за приграбување на делови од нејзината пространа диецеза или за ослабнување на влијанието и значењето, на духовната, просветната и културната моќ, најнапред од страна на некои византиски императори, а подоцна и од Цариградската црква и Османлиската империја, не паднале на колена пред ниту еден император, султан, црква, зашто Светата Охридска патри- јаршија претставувала "драгоцен украс на православниот род и лулка на неговата култура, традиција и цивилизација, од која зрачела животворна светлина". Не е случајно тоа што ос ман- лиските власти од трите цркви кои ги затекнале на Балканот - Охридската, Трновската и Пеќската, последните две не ле гал- ни, ја задржала само првата - Охридската, бидејќи во од нос на другите неканонски цркви таа уживала углед и досто инство кај својата паства и воопшто во целиот православен свет. Осо- бено важно е тоа што во најголем број случаи на ох рид скиот престол седеле поглавари по потекло Грци и Власи, ме ѓутоа никој од нив, дури и оние кои се одликувале со го ле могрчки национализам, не помислувале да извршат пре дав ство, оваа Црква да ја припојат кон Цариградската патри јар шија, чии кан- џи виселе над Охрид како Дамаклов меч. Од пи шаните извори дознаваме дека тие љубоморно ја чувале са мостојноста, не- зависноста и автокефалноста на Охридската црква и остро се спротивставувале на какво и да било по сегнување по неј зи-
ниот суверенитет и интегритет. Во овој кон текст пример е Гркот Димитрија Хомитијан. Зборувајќи за се бе, тој вели: "и са- миот го попримив македонскиот бит". Таков бил случајот и со другите поглавари по потекло Грци, со извес ни исклучоци. Тие биле свесни дека й служат на македонска, а не на грчка паства, со што се посведочува податокот дека го по читувале народот на кој му служеле, на македонскиот, и се однесувале коректно и одговорно кон неговата историја, кул тура и тра- диција. Со ваквото навраќање во историјата не е намера некому да му докажуваме која била и што претставувала МПЦ, оли цетво- рена во Охридската патријаршија - Прва Јустинијана, во ра- ниот и во подоцнежниот среден век во христијанскиот свет, би дејќи тоа е многу добро познато, туку едноставно да пре- зентираме некои факти и сведоштва, кои намерно и тенден- циозно се премолчуваат од современите духовни агресори, осо бено оние кои се однесуваат на автокефалноста на оваа или на онаа црква, бидејќи со нив од основа се демантираат нив ните национал-шовинистички тези и идеологии. На сите тие негатори на историските факти им препорачуваме да ја проучат историјата на својата црква, без заблуди и предрасуди, па дури потоа да им се закануваат на туѓите национални црк- ви, во конкретниов случај на МПЦ. Освен српската и бугарската, тоа треба да го стори и Руската црква, која многу й должи на МПЦ. Таа треба да почне реално да гледа на состојбите. Спо- ред тоа, досега кажаното упатува на заклучокот дека клучот за разрешувањето на ова прашање се наоѓа во Цариград (Ис тан- бул), во Вселенската црква. Патријархот Вартоломеј да ги от- вори документите од вселенските собори и јасно и гласно да им каже на современите духовни агресори кој и што бил во минатото во Источната екумена. Како роб Божји, на тоа го об- врзуваат не само евангелиските правила и канони, туку и функ- цијата која ја извршува - патријарх на Вселенската црква.