Sunday, September 20, 2015

Александар Македонски царот на грифоните

Александар Македонски царот на грифоните

Постојат записи кои тврдат дека кога Александар починал, се појавиле два огромни орли кои го кренале на небото. Ова ретко се споменува во денешните написи за Александар Македонски, но во средниот век било претставено во многу книги и уметнички дела.
Збирка од уметнички дела посветени на орелскиот лет на Александар Македонски.
1) Завесата со орелскиот лет на Александар Македонски, која Самуил му ја подарил на Германскиот цар во 973 година.
2) Полетот на Александар Трети Македонски на два грифона. Уметничка резба изработена на коскен материјал. Изработено во 9-10 век, а се чува во музејот во Дармштад.
3) Иранска керамика. Александар е внесен во телото на едноглав орел. Изработено во 10 век, се наоѓа во Англија во „Victoria and Albert“ музејот.
4) Иранска керамичка изработка од 11-12 век. Александар јава на двоглав орел, на чии крилја има два грифони, а на нозете се наоѓаат два лава.
5) Месопотамиска изработка од 12 век. Се чува во музејот во Инбрукс. Александар е вознесен на небото на два грифона.
Во 973тата Самоил со брат му Арон отишол на дворот на германскиот цар да му го честита Велигден и да побара политичка поддршка. Како што доликува на гостин, веројатно, како подарок му однел нешто, а домаќинот, исто така, му возвратил. Имено, во музејот во Вирцбург се чува една свилена завеса, на која е претставен орелскиот лет на Александар Македонски. На завесата е претставен Александар кому два орли на главата му ставаат златна круна со три крста…


Александар Велики, качен на два грифона. Се наоѓа на влезот од катедралата „S. Maria della Strada“

Александар Велики, крал на грифоните. Седнат на својот трон, се спрема за полет кон небото.
Јанс Јансел Еинкел (Jans Jansen Enikel) „Историја на светот“(Weltchronik) 1420 година

Александар на два грифона. Мозаик во катедралата во Отранто, јужна Италија. Мозаикот е изработен 1166 година

Александар на два грифона. Мозаик во катедралата во Трани, во Италија.

Завеса со полетот на Александар Македонски. Регензбург, Јужна Германија во 13 век. Се наоѓа во музејот во Крефилд.

Месопотамиска позлатена керамика. Александар е вознесен на небото на два грифона.

Месопотамиска керамика со полетот на Алекдандар Македонски

На сликата е покажан Александар кај што лета кон небото со помош на два грифона. Минхенски ракописи од XIV век (Enikels «Weltchronik)

Полетот на Алекдандар кон небото на четири грифони. Минијатура изработена 1320 година

Полетот на Алексанар Македонски на два грифона. Мермерна изработка на влезот од јужната страна на катедралата на Владимир Дмитриевскиj

Полетот на Александар Македонски на два грифона на сребрена чаша од 13 век


Полетот на Александар Македонски на два грифона.
Мермерна изработка од 11-12 век на северниот влез од катедралата на Свети Марко (Сан Марко) во Венеција

Полетот на Александар Македонски на два грифона. Уметничка резба изработена на коскен материјал. 9-10 век, се чува во музејот во Дармштад

Релјеф изработен во 1320 година. Се наоѓа на римските врати на црквата во Ремачене на Рајн

Извор:

http://loza.mk/2015/03/orelskiot-let-na-aleksandar-makedonski/