Sunday, March 27, 2016

Во почетокот беше Дума и думата беше Мама

Во почетокот беше Словото

1,Во почетокот беше Словото и Словото беше во Бога и Бог беше Словото
2.Тоа во почетокот беше во Бога
3. *Се стана преку Него и без Него не стана ништо што стана 1

Кон оваа енигма ќе пристапиме на следниов начин :
Укажуваме дека се работи за Концепт ,кој е испишан во предхристијанско време и поради одредени причини  преземен  и во христијанството.Испишан е во Новиот Завет во Евангелието според Јован 1:1

Ќе посочиме дека постојат две страни , лева и десна со знакот на еднаквост меѓу нив .
Левата страна е во зборот Бог , а десната во зборот  -  збор.
Предусловот е да се пронајде збор  во кој би го  имале значењето и на титулата Бог истовремено имајќи го и значењето на збор со себе .

Кај нас е усвоен концептот  Бог + Слово ,кој е  темелник за опишување  веронакуката која кај нас се наречка токму така Богословија.

Ќе пристапиме кон согледување на еднаквоста преку нашиот македонски јазик,спазувајќи ги притоа сите одредени предуслови.
Тие се :
Еднаквоста како предуслов.
 За да постои разрешување на еднаквоста   потребно е да се одговори на неколку прашања?

1.Како да се стави еднаквост меѓу левата и десната страна на оваа Енигма ?
2. Кој е зборот што треба да се употребува ?
Да одговориме преку ред .
За да се стави знакот еднаквост меѓу  титулата  Бог и називот Слово потребно е да се замени зборот Слово со некој поприфатлив термин.
Ова е потребно бидејќи  Бог+ Слово ,од аспект на лингвистиката создаваат нова кованка Богословија ,

која самата за себе не прикажува еднаквост помеѓу Бог+ Слово.
Не прикажува еднаквост бидејќи како зборови се два различни збора ,кои создаваат трет збор
Бог + Слово = Богословија
 1    +   2       =    3

А за да биде еднаквост потребно е да се испишува вака :

1+1 = 2

Концептот што е стандардизиран кај нас не го исполнува тој услов бидејќи
Бог + Слово = Богословија .
Или затоа што Богословија како збор е создаден одпосле откако Бог ќе се поврзе со Слово .Затоа и се нарекува кованка , која се создава отпосле ,а која не постоела од порано.
А ние бараме термин создаден кој објаснува за “ во почетокот’’

Кај нас во македонскиот постојат следниве зборови кои имаат исто значење:дума ,збор,лаф,реч,слово.



_____________________
Извор:
1-Нов Завет , Евангелие според Јован 1:1