Thursday, July 21, 2016

Македонскиот јазик во книгата на Тезеј Амброџио Албонесе од 1539 година



Како и во сите науки, така и во историјата сите дискусии треба да се водат аргументирано и со факти. А кога биле во прашање дискусиите за македонскиот национален континуитет, неговите негатори секогаш ја наметнувале тезата дека не постојат средновековни докази за постоењето на Македонците како нација или пак за постоењето на посебен Македонски јазик. Но, ваквите тврдења пополека почнуваат да паѓаат во вода со откритието на неколку книги во кои јасно е наведено нивното постоење. Една таква книга е и тема на денешната гостинска статија на мојот драг колега Кузман Мато.
Тезеј Амброџио Албонесе (1469 – 1540/41) е италијански хуманист од периодот на италијанската ренесанса, претставник на христијанскиот(католичкиот) кабализам и предвесник на Ориентализмот. Негово најзначајно дело е книгата Introductio in Chaldaicam linguam, Syriacam, atque Armenicam and decem alias lingua, издадена во 1539 година, во која се преведуваат црковните псалми од повеќе јазици, а се бележат и тогашните јазици и азбука која народите ја користеле како средство за писмена комуникација. Она што е важно за нас е дека во неговата книга тој прави јазична и азбучна паралела помеѓу повеќе јазици како латински, грчки, далматински, сиријски, арапски, еврејски… вклучувајќи го и македонскиот, кој е наведен како посебен јазик, различен од грчкиот, српскиот и бугарскиот.
Интересно е тоа што македонскиот и далматинскиот јазик се наведени како првенци од словенските јазици и постојано се нагласувани во книгата.
http://istoriski.com/wp-content/uploads/2014/03/molitva-makedonski-i-dalmatinski.jpg

“Боже, Боже моj, зошто ме остави?” напишано на македонски и далматински (хрватски).
Значајно е и тоа што е потенцирано дека грчкото писмо, кое во книгата е поделено на неколку верзии, се користело во различни форми и од страна на повеќе народи, што ни покажува дека неговата употреба од страна не некој народ не значи дека тој народ имал некаква хеленска национална свест, со што им става крај на грчките тврдења дека пронајдените текстови во Македонија пишувани со грчко писмо се доказ за нејзиниот “хеленски карактер”.
http://istoriski.com/wp-content/uploads/2014/03/bukvi-koristeni-vo-razlicni-jazici.jpgДополнителна занимливост за историчарите е и тоа што авторот во неговата книга го забележал и постоењето на етрурското писмо за кое тој тврди дека сеуште се сретнува во италијанските книги и библиотеки.


http://istoriski.com/makedonskiot-jazik-vo-knigata-na-tezej-abrodzio-albonese-od-1539-godina/