Monday, August 22, 2016

Битола најнастраданиот град во I Светска војна

Битола најнастраданиот град во I Светска војна
Сподели на Facebook 
1917 год. март-октомври , Битола особено ќе ги почувствува бугарските разулавени “ослободители“ со своите (и германските) тони и тони гранати од сите можни калибри, претварајќи ја во вистински пустош.
Бугарите по повлекувањето од Битола ги заземаат севсерозападните падини на Баба планина како и на падините на Црн Врв.Овие позиции цврсто ги утврдуваат подготвувајќи се за долготрајна позициона војна. И токму од овие позиции ќе ја бомбардираат Битола постојано и постојано, правејќи ја најтешко опустошен и разрушен град во I св.војна.


Битола на првата огнена линија помеѓу двете алијанси во I Светска војна
Така:

• 04 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 2000 гранати со бојни отрови. Покрај другите загинати и осакатени Битолчани забележани се 50-тина од нив кои умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови.


Војниците имаа барем некаква заштита од бојните отрови, но Битолчани никаква
• 19 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 60 гранати повеќето пак со бојни отрови. Пак има загинати и осакатени Битолчани.

• 20 март 1917 год., Битола е бомбардирана со преку 350 гранати пак повеќето со бојни отрови. Загинуваат 47-мина Битолчани, ранети 20-тина а забелеѓани се и 76 разурнати згради.

• 26 и 27 март 1917 год., Битола е бомбардирана со 93 гранати овојпат повечето со разурнувачко дејство зашто од истото се тешко оштетени преку 260 згради на Битола.

• 06-10 мај 1917 год., врз Битола во овие четири дена паѓаат 183 гранати од кои загинуваат 9 Битолчани има поголем број ранети а оштетени се 15 згради. Смалениот број на жртви укажува дека заради постојаните бомбардирања веќе граѓаните се привикнуваат и изгледа организираат повнимателно.

• 12-14 мај 1917 год., Битола е бомбардирана со 226 гранати, загинуваат 8 лица а оштетени се 40 згради.

• 18-19 мај 1917 год., врз Битола паѓаат 30 гранати од кои загинуваат 9 лица, а 8 згради се разурнати.

• 07-09 јули 1917 год., врз Битола паѓаат 146 гранати гранати од кои загинуваат 4 лица, а 9 куќи се разурнати.

• 04 август 1917 год., е ден на најжестокото бомбардирање на Битола врз која паѓаат преку 2000 гранати, градот е запален, има страотен број од мртви, осакатени и ранети лица кои заради хаосот кој не може со денови да се среди никогаш и не се утврдува особено зашто и наредните денови продолжуваат жестоиките бомбардаирања.

• 08 август 1917 год., Битола веќе авет од град е цел на повторен бугарско-германски артилериски жесток оган. Врз градот паѓаат 1764 гранати од кои загинуваат 18 лица, ранети се 15 а повторно горат повеќе од 620 куќи, главно во центарот на градот.

• 21 и 22 август 1917 год., врз Битола паѓаат 665 гранати, загинуваат 3 а ранети се 5 лица, разурнати се 44 згради.



Судирите над самиот град подоцна допринесоа до целосен пустош на Битола
• 04 октомври 1917 год. , Битола се бомбардира повторно со непознат број гранати но кој е собран со бомбардаирањата од о7 и 08 октомври и севкупно изнесува 1057 гранати. И повторно се збирни и жртвите од трите бомбардаирања – 7 лица и 37 згради разурнати.

• 07 и 08 октомври 1917 год., Битола овие два дена е цел на последните забележани жестоки бомбардирања од бугарско-германските артилериски позиции со вкупен број од претходното на 04 октомври (1057 гранати, 7 лица загинати и 37 разурнати згради).

Со сите овие бомбардирања на Битола од страна на Бугарите и нивните сојузници Германците како и дејствијата од спротивната страна, Битола ќе е најопустошениот град во I Св. војна.


(Извори – ДА, СИП, ПО (1917) ф. 1, телеграми од Битола преку Солун до Крф, Д-р Петар Стојанов “Македонија во времето.. “, стр. 314-315; “Дојран 1915-1918 (Воени операции)”, М-р Александар Стојчев, стр. 75-76)