Monday, January 2, 2017

Хелени и Грциja изедначување на термините


Околу потеклото и можното значење на зборовите Хелени,Елада и Грци,Грција постојат најразлични теории. Би почнал со теоријата на Валентин Стецјуг кој за околу оваа проблематика пишува вака:
-“..Потеклото на името “Грција’’,Грци’’е енигматично.
Генерално, националното име со кои меѓусебе се идентификуваат Грците е “Хелени’’,кое што нема никаква звучна поврзаност со зборот “Грци’’.
Грчките племиња користеле бројни племенски називи. Дорци, Ахајци, Јонци, Тирејци.. и останати. Основното турско наименување за Грција е Јананистан, (Yananistan),а за Грците е Јананли (Yananli ).Всушност Јанан (Yanan) е дијалектички изговор за Јонија (Ionia). Веројатно е јасен фактот, дека потеклото на името Јанан се датира во времињата кога преовладувале грчките племиња ,уште и пред ширењето на Александар Велики.
Според грчките извори токму Аристотел (384-322) во неговата “Метеорологика’’ I, xiv, или 352b бил првиот што го искористил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’),како синоним за Хелените. Аристотел запишал дека оригинално Илирите ,биле тие што го користеле името Граикхос (Graikhos) за да со него ги означат Дорците во Епир.
А тоа потекнувало од Граии (Graii) што било природно име за луѓето од Епир, кои што се наоѓале во северно-западниот дел од Грција, на Јонското Море и западно од Тесалија. 
Современите научници, се разбира, со недоверба ја дочекале ваквата изјава, бидејќи широката распространетост на ваквото народно име за меѓусебна идентификација, помеѓу комплетно неповрзани јазици, тешко дека потекнува од само еден центар.Од друга страна, ваквиот класичен доказ ,можеби потврдува дека ова национално име, што се употребува за меѓусебна идентификација доаѓа од страна на балканското население,кое што своевремено ги имало и границите на Скитија во Македонија. Би било природно за Скитите да ги користат и двата термини како на пр.називите Јанан (Yanan) и Креш ( Kresh) само за нивните Јонски соседи ,а називот Хелени за сите останати заедно.
Современата теорија на германскиот историчар Џорџ Бусолт (Georg Busolt ) 1850-1920 ,зборот Грци го изведува од зборот “Граикхос ’’( Graikhos )"со значењето жител на “Граиа’’ (Graia ),град на брегот на Беотија од зборот“граов-сив ’’("gray"),кој се наоѓал во централниот дел на античка Грција ,во околината на градот Теба,што било име дадено од Римјаните и се однесувало за сите Грци, а најпрво за грчките колонисти од “Граија’’(Graia) кои што помогнале во основањето на градот Кума (Cumae) (9 век пред Христа),важен град на југот на Италија ,каде што Латините за прв пат се сретнале со Грците. Во согласност со оваа теорија ,во генерална смисла ,името би било за прв пат повторно позајмено од Грците .Имајќи во предвид дека Грците веќе го имале колонизирано Апенинскиот Полуостров и тоа неколку векови пред 9 век од пред Христа,како и фактот дека Грците многу отпорано го шират своето присуство во Медитеранот , како и забележаното од Аристотел во 4 век пред Христа,оваа теорија и дава преголема важност и тежина на 9 век пред Христа и за пред Римјанските Латини во раширувањето на овој термин и за Грците кои што би го усвоиле овој термин како свое народно име од своите ,во свое време не толку значајни соседи, дури и да се преправаат дека таквото нешто би било одраз на вистинска етимологија за нивното име...’’¹


Реф:1 -Valentyn Stetsyuk“Research of Prehistoric Ethnogenetical Processes in Eastern Europe’’,Book 2, Traces of Linguistic Contacts in Turkic and Indo-European Vocabularies,Lviv 2003
Интернет извор:
http://s155239215.onlinehome.us/turk...AndGreekEn.htm


Најнапред да ги согледаме тврдењата на грчките извори кои известуваат за Аристотел и неговата “Метеорологика’’ I, xiv, каде го употребил зборот “Граикхос’ (“Graikhos’’),како синоним за Хелените.,посочувајќи ги Илирите како први кои го употребувале овој збор,за да со него ги означат Дорците во Епир.


Овие тврдења да ги споредиме со етничката припадност на жителите на Епир низ историјата.
Најнапред да видиме кои биле Дорците и дали тие или било кои други грчки племиња живееле во Епир? 
“Теоријата за инвазијата на Дорците (заснована врз пишувањата на Херодот 9.26 и наследена од Тукидид 1.12) во најголем дел претставува измислица на историографијата од 19 век и истата не е поткрепена со никаков археолошки или лингвистички податок...Археолошки гледано Дорците се невидливи.Северна Грција се уште треба да ни понуди макар и најобичен артефакт што треба да биде поврзан со Дорците...Не постои никаков доказ за оваа т.н. дорска миграција во централна и западна Македонија и во североисточна Тесалија...Не постои археолошки запис за движењето на Дорците, а митските аргументи во најголема мера се претпоставки, засновани врз фолклорни традиции за тоа дека Дорците потекнувале од северозападна Грција. Дури и доколку последново е вистина, врската помеѓу оригиналната татковина на Дорците и добро познатиот дорски дијалект од подоцнежните времиња не е јасна. Сигурно дека сите “дорски Грци ’’од Класичниот период не можеле да бидат потомци на расеаните племиња од северозападните грчки планини. Тоа што подоцна биле наречени Дорци не е доказ за нивното дорско потекло во етничка смисла. И Грците од 19 век имале обичај себеси да се декларираат како Ромеи, а својата земја како Румелија,како доказ за нивното римско наследство,наспроти современиот грчки јазик со словенски примеси’’.
Borza Eugen: “In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon”, Princeton University Press ,New Jersey,USA,1990 …стр.65,67 и 68.

Истото ова го тврди и Чадвик Џон,(Chadwick John “Who were Dorians?”Cambridge, 1976), како и други историчари...’’². 

Реф: 2-Александар Донски“Јазикот на античките Македонци’’Штип,2006 год...стр.174-175.

**************
Дали Дорците живееле на територијата на Епир?

Одговорот на ова прашање ќе го побараме во делото на Донски во кое тој го наведува напишаниот "Меморандум за античките граници на Грција" од страна на мајорот Ардаг ,за потребите на владата на Велика Британија, а во која детално се наведени племињата кои биле присутни на територијата на Епир.
Страбо: “Племињата кои живеат од Амбракискиот Залив кон исток и во продолжение на Пелопонез, се грчки... Сите племиња кои живеат од реката Стримон, па се до Понтскиот премин и Хемус, се тракиски, освен брегот, кој е населен со Грци... Десно од влезот на Амбракискиот Залив живеат Акарнијанците, кои се грчко племе. Лево од нив се наоѓа Никополис и таму живеат Касопејците, кои се епирско племе."

Од овој извадок гледаме дека Страбо јасно ги одделува Грците од Епирците.

Скилакс: “Од Амбракија Грција продолжува по должината на брегот толку колку што досегнува реката Пена... Од земјата на Магнесијанците Грција продолжува до Амбракија."
Практично и Скилакс, како и Страбо, дава ист опис на етничката терторија на Грците. Магнесија се наоѓала на источниот дел од Теслаија (околу денешните градови Волос и Лариса), додека Амбракија се наоѓала источно од неа (јужно од територијата на Епир).
Дикеарх: “Границите на Грција ги лоцирав во земјата на Магнесијанците... Haд Темпе, кон планината Олимп, се наоѓа земјата на Македонците".

Како коментар на пишувањата на Дикеарх, мајорот Ардаг заклучува:"Дикеарх... ги опишува Теспротијанците, Каонијаните, Молосијаните и населението во внатрешноста на Епир, како барбарски племиња".

Хомер: “Во списокот на бродови во Втората книга на 'Илијадата', Акарнанија, Етолија и Тесалија се најсеверните спомнати области. Останатите се: Беотија, Фокис, Локрис, Евбеја, Атина, Саламис, Аргос, Микени, Лаконија, Месенија, Аркадија, Крит, Родос и други острови. Овде Додона е вклучена во Тесалија, а од зборовите 'оние кои замрзнаа во студената Додона' произлегува дека таа се наоѓала во планините близу изворот на реката Пена, а не како што пишуваат другите, во Епир".
Значи,според "Илијадата"единствената наводна "грчка институција" во Епир (пророчиштето Додона) воопшто не се наоѓала во Епир, туку во Тесалија. 

Советот на Амфиктионците: “Советот на Амфиктионците прво бил сосема мал и него го сочинувале само луѓето со кои командувал Девкалион, кои себеси се нарекувале 'Хелени',според името на неговиот син.’’
Подоцна нивниот број се зголемил на дванаесет. Нивните имиња се дадени од Есхин, Теопомп и Павсанија. Тоа се следните:
Според Есхин: “Тесалијци, Беотијци, Дорци, Јонци, Перабејци, Магнети, Локријанци, Етени, Фтиоти, Малеанци и уште едни чие име недостасува’’.
Според Теопомп: “Јонци, Дорци, Перабејци, Беотијци, Магнети, Ахајци, Малеанци, Долопи, Енијци, Делфијанци, Фокијанци и Фтиоти.’’
Според Павсанија: “Јонци, Долопи, Тесалијци, Енијци, Магнети, Малеанци, Фтиоти, Дорци, Фокијанци, Локријанци (Епикнемиди).’’

Ниту едно од овие племиња на живеело во Епир.
Но, да објасниме што значел "Советот на Амфиктионците". Овој Совет (некаде опишан како "Лига"), бил создаден кон крајот на 7 век пред Христа. За да дадеме објаснување за неговото создавање и намена, ќе пренесеме цитат од светски познатата ЦД енциклопедија "Микрософт Енкарта" (1998 год. наслов Amphictyonic League), овде читаме:
"Амфиктионскиот Совет бил заедница од античките грчки племиња и бил создаден за да го заштити храмот на Деметар од Антела, во близина на Термопилите. Подоцна оваа заштита била пренесена и на храмот на Аполон во Делфи. На почетокот тоа била религиозна организација, но подоцна станала политички инструмент во интерес на нејзините најмоќни членови. Дванаесетте членови на овој Совет се среќавале еднаш во шест месеци во Делфи или на Термопилите."
Значи, во овој Совет биле вклучени тогашните грчки племиња заради заедничка заштита од околните моќни непријатели (Персија, а подоцна и Македонија). И во него немало ниту едно епирско племе, што укажува на фактот дека ниту Епирците себеси се сметале за Грци, ниту пак тогашните Грци ги сметале Епирците за свои "сонародници".
Значаен е и фактот дека списоците на грчките племиња кои го сочинувале овој Совет ги дале тројца антички автори, независно еден од друг а тоа се Теопомп, Есхин и Павсанија.
Теопомп од Хиос бил историчар, кој живеел во 4 век пред Христа.
Есхин бил познат оратор и тој исто така живеел во 4 век пред Христа, што значи дека им бил современик на Филип Втори и на неговиот син Александар Велики Македонски.
Павсанија, пак, бил историчар (роден во Лидија. денешна Турција живеел во 2 век по Христа) Во 'Описот на Грција' Павсанија дури не го ни спомнува Епир, како "грчка територија",освен што алудира на приказната за Додона и Молосијанците ,a посветил особено внимание на опишувањето на аничките градови на "Грција"
Значи, се работи за тројца големи антички авторитети кои (исто како и други пред и по нив) јасно тврделе дека Епирците не биле никакви Грци.

Тукидид: Во Втората книга на Пелопонеската војна Тукидид дава список на државите кои учествувале од двете завојувани страни. Тие се:
На страната на Лакадемонците (Спартанците, з.м.)се бореле сите племиња од Пелопонез со исклучок на Аргивите и Ахајците, потоа Магреанците, Локријанците,
Беотијците, Фокијците, Амбракиотите, Левкадијанците и Анакторијанците.
На страната на Атињаните се бореле: Кијанците, Лезбијанците, Платеанците, Месенијанците од Наупкат, повеќето од Акарнијанците, Коркиреанците, Закинтијанците и уште неколку острови и колонии.
Во продолжение Тукидид вели: Амфипол, синот на Амфиарвас, го основал Аргос во Амфилохија на Амбракискиот Залив, непосредно по завршувањето на Тројанската војна. Многу генерации подоцна, населението во градот станало доминантно над Амбракијанците,кои граничеле со Амфилохија и со нив станале еден народ. Тие им го наметнале јазикот, кој сега го зборуваат, т.е. грчкиот јазик, но остатокот од Амфилохијанците се уште се барбари. (Ова било напишано околу 420 година пред Христа). Натаму, опишувајќи ги силите под Кнемус Лакадемонецот (Спартанецот, з.м.) тој ги спомнува следните негови сојузници, кои биле барбари: Каонијанците, Теспротијанците, Молосијанците, Антитенијанците, Паравенците, Орестите (сите жители на Епир). Тие биле поразени кај Стратос во Акарнанија во 429 година пред Христа".
И овде гледаме дека историчарот Тукидид (5 век пред Христа) ги нарекува "барбари" (луѓе кои не зборувале грчки) племињата кои живееле во Епир. Меѓу нив го спомнува и македонското племе Орести.

Ќе наведеме и цитат од книгата "Историја на Грција", објавена во Велика Британија во 1851 година, каде во врска со етничкиот состав на Епир во антиката, читаме:
“Територијата што и припаѓала на Елада (или продолжената Хелада, ако ги употребиме зборовите на Скилакс и Дикеарх) се сметала дека почнува од Амбракискиот Залив. Оттаму на ceвep до Акрокераунското испакнување лежи земјата која Грците ја викаат Епир и која е населена со Хаонците, Молосијаните и Теспротијаните, кои се детерминирани како Епирци и за кои се смета дека не припаѓаат кон грчката целина". ("History of Greece" by George Gerote, Vol. II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, 1851, стр. 282)...’’ ³

Реф: 3 - Александар Донски“Јазикот на античките Македонци’’Штип, 2006 год...стр.11-19.
Сега да се навратиме на насловеното на темата околу енигматичноста на овие термини,кои се во употреба како нивно наречи го национално име .Притоа да се обидеме да го изнегираме постоењето на тој, по сите прилики трет т.н. илирски збор“Graikhos’’,кој што наводно е забележан од Аристотел.

Хелени или англ. Hellene

Најнапред за поимот Хелени.
Во грчкиот јазик,иако буквата х се запишува на почетокот од зборот,таа е безгласна Оттаму и отстапувањето во однос на останатите јазици Еллени наместо Хелени и Еллада наместо Хелада .Ваквата појава е вобичаена и за истата се наоѓаат објаснувања дури и во книгите наменети за туристички водичи 
The aspirate > h<, represented in Greek by a simple breathing mark (*), often falls silent, meaking easy the connection. Venerations for the holy prophet thus becomes that for the sun-god, whose cult was perpetuated on the mountain tops of old Greece as he rose to spread his rejuvenating warmth across the globe.
________________________________-
INCORPORATION OF PAGAN BELIEFS

Clive L. Rawlins"Cultire Shock-А Guide to Customs and Etiquette-Greece’’, page 97-98 


Но ние да и пријдеме од аспект кој е негрчки.

H->X различна ортографија за еден и ист звук,која изразена како буква со себе ја има својата двојна форма
х -> к`с
Латинските самогласки, освен оние за кои се дадени забелешки, генерално речено повеќе или помалку се изговорувале како во денешниот англиски. 
1.Забелешка за буквата х 
х се изговарала како кс,како што тоа е случај со англиското зборче extra
(не изговорено како gz во зборот examine,ниту пак како kz во зборот exonerate). 4

оттука 
Хелени
*кселени
`селени
и->е->је 
селенје -> селење 
Објаснувањето за зборот селење дадено според македонско - англискиот речник е следново:
selenje n removal, resettling ,migration 5 
или во превод на македонски :
селење гл.[1] отстранување [2] преместување ; населување ; преселба 



Реф:
4. - S. A. Handford and Mary Herberg ”Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … p.8-9
5 - Душан Црвенковски,Бранислав Груиќ ”Dictionary English-Macedonian,Macedonian-English”, Наша Книга, Скопје...стр.918
Селење или Миграција


Зборот миграција на латински даден како migratiō, е со следниве англиски објаснувања:
“ Migrātiō, ōnis f removal, migration; change of meaning. 
Migrō 1 a) to remove, depart, emigrate (ab, ex, de re in or ad alqd); 
b) trans. to transport; to transgress.’’ 6
Или во слободен македонски превод 
“ Migrātiō, ōnis f [1] отстранување [2] преместување; преселба; промена во значењето.
Migrō 1 a) да се одстрани; заминува; се сели емигрира (прилозите ab, ex, de re in or ad alqd ги имаат значењата ); 
b) пренесување, [1] да се пренесува, да се испраќа ; да се отиде преку.’’ 

Понатаму ,да ги согледаме англиските објаснувањата за латинскиот збор мигрант:

“migrant n 1. a person or animal that moves from one region, place or country to another . 2. an itinerant agricultural worker. ~ adj. 3. moving from one region, place or country to another; migratory.
migrate vb.( intr.) 1. to go from one place to settle in another, esp. in a foreign country.
2.(of birds, fishes, etc.) to journey between different habitats at specific times of the year.[C17: < L migrare to change one’s adobe] –mi’grator n.
migration n. 1.the act or an instance of migrating. 2. a group of people, birds, etc. migrating in a body.
3. Chem. a movement of atoms, ions, or molecules, such as motions of ions in solution under the influence of electric fields. – mi’grational adj.
migratory adj. 1. of or characterized by migration. 2. nomadic; itinerant ’’ 7

Преведени на македонски ,објаснувањата би биле:

“migrant n 1.личност или животно што се движи од еден регион ,место или почва кон друг 2.скитник –скитнички земјоделски работник-аргат –номад ? an itinerant agricultural worker. ~ adj. 3. преселување од еден регион, место или земја кон друга,преселба 
migrate vb.( intr.) 1.да се замине од едно место заради населувањена друго, особено во туѓи земји 
2. (за птиците,рибите и т.н).преселба помеѓу различните живеалишта во одредено време на годината [ C17: < L migrare–: да се промени кровот над главата.] (Зaбелешка:укажување дека зборот migrare ,како нов како нов научен збор за прв пат бил забележан во речникот на латинскиот јазик во 17-век,. Недостатокот од ново латинската или грчката форма на етимологија означува дека формата на зборот била иста како во тие јазици ,така и кај англискиот 8) –mi’grator n. –преселник 
migration n. 1.the act or an instance of migrating. 2.група на луѓе, птици, и т.н. кои што физички се преселуваат 3.Хем. движење кај атомите,јоните или молекулите ,како на пример промената кај јоните предизвикано од влијанието на електичните полиња.– mi’grational adj.
migratory adj. 1. of or characterized by migration. 2. nomadic; itinerant ’’ 7

Кон горе напишаното го предлагам објаснувањето за овие зборови дадено на македонски јазик :
“миграција лат. 1.преселба на население од еден крај на земјата во друг.,од село во град ,предимно од економски причини; 2.преселба на животни (на пр. птици).
мигрира лат. се сели, се преселува, се иселува.’’9


Реф: 
6 - S.A. Handford and Mary Herberg ”Latin-English, English -Latin dictionary” Germany 1955, 1966.Berlin and Munich … стр.200 

7 – “The new Collins concise dictionary of the English language”. London & Glasgow 1987…p.714-715 
Standard ISBN 0 00 433091-9
Indexed ISBN 0 00 433070-6
8 - “The new Collins concise dictionary of the English language-Guide to Use of the Dictionary”.... p.xiv
9 - Љубо Миќуновиќ”Современ лексикон на странски зборови и изрази’’,Скопје 1990... стр.376

Mi^gratio=Graetio=Greece

Овој дел на анализирањето би го започнал со наведување на примери за промена на буквата м во зборовите на античките дијалекти на т.н Хелени ,објаснети на англиски јазик:

“ Changes of μ, esp. in dialects:
II .2. Aeol., as αμμες υμμες єμμα єμμι for ημєις υμεις єιμα the vowel or diphtong before it being shortened, Greg. Cor.p. 597 ; - αμμες and υμμες also in Hom.and Ep.

III. μ is freq. added or left out, acc. to dialects,
1. at the beginning of a word as αρυω μηρυω, ια μια, ονθυλєυω μονθολєυω, οσχος μοσχος , οχλєυς μοχλєυς , υραξ μυραξ ,μαλη Lat. ala Buttm.Lexil. v.ουλαι 4. Lob. Phryn. 356; so ΄΄Αρης, Lat.Mars, ανηρ, Engl. man. ’’ 10

Објаснување кое во слободен македонски превод би гласело:

Промени за буквата μ, особено во дијалектите :
III
2. Aeol., as αμμες υμμες єμμα єμμι for ημєις υμεις єιμα the vowel or diphtong before it being shortened, Greg. Cor.p. 597 ; - αμμες and υμμες also in Hom.and Ep.

III. μ is freq. added or left out, acc. to dialects,
1. at the beginning of a word as αρυω μηρυω, ια μια ,ονθυλєυω μονθολєυω, οσχος μοσχος , οχλєυς μοχλєυς , υραξ μυραξ ,μαλη Lat. ala Buttm.Lexil. v.ουλαι 4. Lob. Phryn. 356; so ΄΄Αρης , Lat.Mars, ανηρ, Engl. man.


Реф:10 - Henry George Liddell and Robert Scott “Greek-English Lexicon” ,London,1896… стр.953
Промената настаната со скратувањето на буквата м ја наоѓаме и во нашиот јазик,во зборот многу.Ваму го читаме истото значење на посочениот збор и после промената.
Многу –ногу

Graetia=Graecia


За латинските самогласки веќе споменавме дека постои објаснување дека тие во помалку или појќе својот изговор го имале како денес во англискиот јазик,освен оние за кои се дадени забелеки.
Да ја разгледаме забелешката за буквата т

“-Забелешка за буквата т

t во зборот (ratio)секогаш го има својот вистински звук кој се изговара како ra-ti-ō што е и запишан ( не со звукот sh како во англиското rational,ниту пак со звукот ts, иако во многу италијански зборови t бил заменуван со буквата z која се изговара како ts – на пример giustizia од латинскиот (iūstitia ). 11


Реф: 11- S. A. Handford and Mary Herberg “Latin-English ,English -Latin dictionary” Berlin and Munich ,Germany, 1955,1966 … стр.8-9

Од тука забележуваме дека во многу италијански зборови буквата t била заменувана со z ,која пак се изговара како ц (англ. ts).
Ваквата ситуација можеме да ја увидиме и кај зборовите Далмација
(Dalmatia изговорана како Dalmatsia), Кроација (Croatia, изговарана како Croatsia,)
Ваквиот случај на реална промена за буквата т ја земаме како пример за анализа во зборот gratio.
GraTio
t->ts-ц
*Gratio->*Grжtio->*Grжzio->*Graetsio –>*Graecio-Greece

Gratio изговоруван како Gracio и во сегашноста запишуван како Greece со истото значење како и значењето на Hellene

Оттука заклучокот дека при порамнувањето на овие два навидум различни зборови, преку пристапот на компаративната методологија, и изедначувањето изведено поаѓајќи од македонскиот јазик упатува на тоа дека овие два збора по својата функција се термини со чие глаголско дејство се објаснуваат процесите на преселување.
Хелени и Грција (Hellene и Greece) се два различни по звучност збора ,кои се поврзуваат преку своето едно и единствено значење,кое пак е изразено во два различни јазици .
Хелене = селење на македонски
Greece = migration на латински
При што,вториов би требало да се согледа единствено како рефлективна форма од македонскиот збор населување и тоа во својствениот му девијативен облик
Значи :
-Не само што во историјата постојат аргументи кои го оспоруваат присуството за некакво т.н грчко племе Дорци на територијата на Епир ,туку не е можно ниту постоењето на по секоја прилика некаков трет т.н. илирски збор “Graikhos’’ со кој би се именувало истото,а кој би претставувал корен на зборот Грција.
Согласно со размислите на Валентин Стецјук дека дури и евентуалното Римско замижување околу етимологијата на името Грци од,теоријата на германскиот историчар Џорџ Бусолт,дека истото треба да се бара во грчката лексикграфија сепак, не би можела да го добие зеленото светло на издржливоста ,токму поради фактот на хеленската колонизација на јужниот дел од Апенините,многу порано од Аристеловиот 4 век пред Христа.
Сведоштвото на зборчето ела 


Да речеме вака:
-Сум се преселил во Англија.Англичаните се сведоци на моето доаѓање на нивна почва и тие на нивниот мајчин јазик така и ме нарекуваат-доселеник .А моето или било чие населување го запишуваат со нивното писмо ,при што се користат со зборот кој што го објаснува тој процес на доселување.Доселеник на англиски е immigrant ,населување –immigration . 
При постоењето на процесите на населување правило е објаснувањето да произлезе и да се прибележи од страна на домородното население и зборовите кои што тие ги употребуваат како терминологија за таквите дејства.
Така и во минатото кога предците на мојот македонски народ во Македонија како очевидец на процесот населување на безименото племе ,што во последниве неколку декади се нарекува Грци,го забележал со адекватен за тоа збор од сопсвениот си јазик.


Ако објаснуваат дека основата на зборовите е во корените на т.н старогрчиот или латински јазик,тогаш македонските зборови се семето од кое што из`ртуваат нивните корените 
И исто како што Англичаните го засведочиле моето преселување кај нив,како што претците на мојот македонски народ го дале своето сведоштво за доселувањето ,така и Латините во древноста употребуваат термин , за да преку него го објаснат процесот кој одвивајќи се продолжително претставува вовед во она што се нарекува – колонизација . 
"Heleni "gi definira pretcite na Helas,pretezno odredeni so granicite na nivnoto naseluvanje,odnesuvajki se na toj nacin na "clenovite na Helenistickoto opstestvo",termin sto podocna bil iskoristen kako korporativno ime za prepoznavanje na lokalnite lugje 

Helada->*k'selada ->sela 
Согласно пишувањето на Арнолд Џ. Тоинби (Arnold J. Toynbee), дека:
- "Heleni" oznacuvajki go naselenieto(zitelite) na Helas,golemoto znacenje navodno dobieno,oznacuva
'clenovite na Xelenskoto opstestvo' upotrebeno(koristeno) kako ime na kompanija(korporacija) vo povrzanost(asocijacija) so lokalnite luge,Amphictyones(sosedite) koi gi upravuvaa svetite(religioznite) mesta kaj Delphi i Thermopylae i go organiziraa Pythian Festivalot koj bese
povrzan so niv.''
'Hellenes', signifying 'inhabitants of Hellas', presumably acquired its broader meaning, signifying 'members of the Hellenic society', through being used as a corporate name for the association of local peoples, the Amphictyones ('neighbours'), which administered the shrines at Delphi and Thermopylae and organized the Pythian Festival that was connected with them." 12

Dopolnuvame deka znacenjeto e helenes-naselenici Elada Hellas oblast naselena od imigranti

Видувањето за присуството на поимот Грци од своја страна прекрасно ќе го долови Ристо Стефов укажувајќи на фактот дека : “Не постои зборот “ Грк ’’ во современиот грчки речник ,а ако зборот Граикхос –Граекос и се користи од понекого ,тој воглавно е непознат за повеќето Грци . Ако денес ги запрашате современите Грци да ја препознаат сопствената националност ,тие ќе ви одговарат дека се “Грци’’.Ако пак ги потпрашате што значи тоа “Грци’’,би ви одговориле дека тоа означува “Елини’’ ("Ellinas" ) или Елинида ("Ellinida".).’’ 13


Реф:12 -[Arnold J. Toynbee: Hellenism, The History of a Civilization; Oxford University Press, 1959]
13 -Ристо Стефов“BIG Greek Lie # 15-Greeks are Hellenes"
Интернет извор:
http://groups.yahoo.com/group/RMDigest/message/6069

http://www.macedoniaontheweb.com/fo...tefov-lies-15-_-greeks-hellenes.html#post4866