Search This Blog

Monday, March 13, 2017

Дискусија околу терминот Идеологија

Да ти Нацртам -Околу омаловажувањето на терминот Дали вие можете “да ми нацртате’’, што за вас значи поимот идеологија ? Благодарност однапред за обезедување ваше мислење . Дотогаш ова е видувањето кое би сакал да споделам Сметајќи се националист поставен кон зачувување , развивање и унапредување на сопсветвеното , националното , ќе дозволите .. Идеологијата , што се прикажува како негативен темел во вашево клипче е она што е потребно да се има бидејќи народ што нема своја сопсвена идеологија , наместо да ја создава и наместо да ја има како ѕвезда водителка за придвижување , ќе се служи со цртанки. Да беа барем и исцртувањата сопсвени ,да речевме секоја чест , но дали се ? Народ што нема своја сопствена идеологија , трча по туѓи , прегрнувајќи ги како свои и сопствени.Народ што нема свои цртенки , ќе исцртува со туѓи линии,. Идеологијата која ќе е база за создавањето на стратегија , на платформа преку која ќе се создава и вреднува и оствареното и создаденото. Идеологија која ќе создава услови за враќање на запуштените морални вредности ,кои ќе гледаат и пошироко отколку математиките на парата. Да се има идеологија е чест и гордост , затоа што преку нејзе се трасира и целта кон која се тежнее. Проблемите во Републикава не е во имањето, туку во немањето на идеологијата . Преку идеологија кон владеење на институциите на системот и нивна поставеност во фунција на остварувањето на Владеењето на Словото на Законот . Мотивираноста во соборувањето на криминалот го согледавме тогаш кога Украинците мотивирани за подобро утре и живот надвор без диктатортсво , го набркаа Јанукович. И што се случи ден потоа ? Каква е Украина денес ? Мајданците пратени на Источниот Фронт . Што ќе биде со нас со денот потоа ? Источен Фронт , меѓумакедонски фронт , фронт на разграничување со малцинствата и воведувањето на босанскиот модел во Републикава ? Најлесно се манипулира со народ кој нема своја сопствена идеологија . Поз _______________________ Кратко: Идеологија е систем на верувања, доктрини па и митови, кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт. Најчесто зборот идеологија се употребува заедно со зборовите, комунистичка, социјалистичка, капиталистичка или фашистичка идеологија. _________________________________ “...кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт..’’ Дали и нашите стари имале општествени планови кога се залагале , твореле и себежртвувале во насока на создавањето на идеологијата посветена на Македонија ? Ако имале кои се и каде се ? Дали под турско на пример турската Власт им овозможувала такво нешто? -Секако дека не . И бидејќи сте упатени во она што пишувате , сте го искористиле зборчето “често ’’, кое ви овозможува амортизирање на изнесеново објаснување ,преку дополнителното што не сте го испишале , но ќе простете читливо е меѓу редовите и тоа во ваква ненапишана форма “често , да . често , но секако отстапувањата постојат “ Идеологијата е движечка сила , која овозможува преку “да се знае како’’ пристапот остварување на нешто повеќе одколку она што сте го објасниле како “општествен план ’’. Идеологијата е придвижување и кон она што треба да биде “општествен план ’’ , откако со нејзина , со идеолошка посока ќе се стигне до создавањето на општетсвениот систем . Од вашето објаснување , како што читаме , кратко објаснување , вие на терминот сте му пристапиле кон негово злоупотребување , наведувајќи го во негатвен контекст , поставувајќи го на на место што не му прилега . Дали можете преку овој термин да сторите разлика меѓу термините националист и нацист ? Да речеме дека историјата памети дека Де Гол бил голем националист , кој водел движењето на Отпорот против тогашните нацистички окупаторски сили . Во вашето цртање сте исцртале дека националист е нешто мнооогу страшно . Дали е тоа случај кога се однесува само за национализмот кај Македонците , но не и во случај кога национално се будат да речеме “Французите ’’ ? Значи замолувам поопширно објасување , за значењето ан терминот идеологија , Благодарност однапред

No comments:

Post a Comment