Search This Blog

Sunday, March 26, 2017

Двојазичноста и штетноста од неа

Сегашноста која ќе посведочиме ,памети дека еден народ беше мотивиран во борба против криминалот и диктатортсвото што му се случувал во државата.Така мотивиран тој народ некако востана и го набрка сопствениот диктатор .
Тој народ е украинскиот кој го сруши режимот на Јанукович , му најде и златна wc шоља во неговиот замок .
И ?
Што се случи подоцна?
Каде се тн Мајданци кои востанаа?
- Со прст во уста ги испратија на Источниот Фронт да гинат како глинени голуби.
Каков е сега режимот во Украина под лидерството на Порошенко ?
Ќе посведочиме дека уште еден народ пред Украинците востана против својот диктатор.
Српскиот .
И тој се крена на нозе го прати својот Милошевиќ да губилиште .
И ?
Живеат ли Србите подобро сега отколку порано ?
Србија не е надвор од оваа планета .
Мотивираноста кај нив била борба против криминал,расипништво и диктаторство .
И многу мотивирани за таквата борба шетале пред избори, па за време на изборите гласале за подобра живееачка по дома .
И ?

Ќе посведочиме дека уште еден народ пред Србите востана против својот диктатор.
Романскиот .
И тој се крена на нозе го прати својот Чаушеску на губилиште .
И ?
Живеат ли Романците подобро сега отколку порано ?

Романија не е надвор од оваа планета .
Мотивираноста кај нив исто била борба против криминал,расипништво и диктаторство .
И многу мотивирани за таквата борба шетале пред избори, па за време на изборите гласаа за подобра живееачка по дома .

И ?
Македонија и Македонците исто така
не се надвор од оваа планета .
Мотивираноста кај нас исто беше борба против криминал,расипништво и диктаторство .
И многу мотивирани за таквата борба шетаа пред избори, па за време на изборите гласаа за подобра живееачка по дома .
И ?
Се случува капиталот сконцентиран од дадените гласови , да се
насочува кон остварување за некаква туѓа Платформа која вели продолжување на албанизација на Македонија , преку нејзиното обезличување , до потполното дотепување.
Се случува тоа да мотивираните гласачи за опцијата на подобра живеачка во општество без мито ,корупција и криминал без неофашистичко диктаторство , бидат ИЗМАНИПУЛИРАНИ .
Изманипулирани бидејќи никој од нив од гласачите за сеуште Опозицијата , никој од првиот до последниот немаа никаква претстава, за тоа што отпосле ќе се случува со од нив дадените гласови .
Нив не можеме да ги согледуваме низ призмата на Гоцевата мисла дека не постои друг народ кој повеќе страда од предавствата на сопсвените синови изроди ,како македонскиот .Едноставно гласачите се намагарчени .
А се случува тоа да измамените гласачи не знаат која е вредноста што им се спрема да им се воспостави во општеството, за кое кое си гласаа да им пиде и поубаво и пофунционално.
Зарем сега заложбите за создавање на услови за ширење на туѓ јазик и туѓи спечифичности и обележја треба да им е вредноста која мора да ја прифатат ?
Зарем опцијата на земање на бугарски пасоши треба да биде надоградена со ставање на кечето на глава ?
И ?
Што ќе биде ден потоа?

Во Украина се случува војна и таа во најмала рака ќе е бесконечно долга , бидејќи таму сега се припадниците на Вујче Сем , кои не беа ниту гласани , бидејќи немаа избори , а не беа ниту спомнати кога започнуваше нивната антикриминална битка .
Во Србија ден потоа се случува освен мизеријата на современите тн диемократии , се случува дополнителна албанизација и кон Ниш и кон Централна Србија .
Што ќе биде ден потоа кај нас во Македонија откако би се случила промена на сегашната со Власта воспоставена од Партија која усвојува туѓа идеологија и навестува дека по нејзе ќе уредува системот кој би го владеела ?
Кој е крив за сево ова ?
Каде е каде е вината и кој ќе се повика на одговорност ?

Спомнува Опозицијата некаков договрен за јазик од 2008 ,што би надоградуван 2011.

Тоа што спомнува постоењето на таков “за албански притиснете два’’, договор значи едно и само едно нешто.
Таков договор штом се спомнува , таков договор има, а и пракстата гледаме и слушаме тоа го потврдува:
И сообраќајни значи на три јазици и мобилни оператори и ТВ куќи со албанскиот како главен јазик и радио станици со само албански јазик.
Како треба да се поставиме кон посочувањето од страна на Опозицијата за постоењето на договорите за зголемена употреба на албанскиот јазик во Републикава ?
Несомнено е дека албанскиот јазик потиснува примената на македонскиот јазик во Републикава .
Но , која е улогата на Опозицијава што посочува дека Позоцијата веќе прифатила договори за ширење на албански ?

Еве која и еве како треба да се поставиме кон Опозицијата .

Ќе се послужиме со метафората на Библиската Приказна за првиот грев.
“ Кога Бог шетајќи низ рајот здогледал како Адам јаде од забранетото јаболко , го прашал :
- Адаме , зошто јадеш од забранетото ?
Адам пак одговорил
“ Ева , што си мија дал за жена , и таа јадеше , таа ме наведе и мене ...’’
Значи наместо извинување и барање прошка , Адам посочува дека не бил само тој што греши , туку дека и Ева била таа што правела истото .
Паралелата со реалноста денес е следнава :
Наместо Опозицијата да престане со она што некој друг тоа го прави , наместо да искритикува дека дејствувањето е погрешно бидејќи носи штетни последици , таа само посочува дека не е единствената што се залага за ширењето на албанскиот јазик низ Репуликава.
Посочувањето на опозиционериве дека освен нив и Позицијата е таа што , исто како и Ева од приказнава , прави грев загризувајќи од јаболкото , е во насока на изговор
и пред себе и сопсвената совест и пред нејзините гласачи , мотивирани во борба против Криминал и за содавање на посреќно утре , пред македонското општество ,особено кон делот што не се нејзини гласачи , како и пред мегународната заедница , особено оној тн белосветски дел , кој што застанува како нивнен нај главен тутор и мецена .

Што е тоа двојазичност и како и Позицијата и Опозицијата составена од тн македонски блок партии , треба да имаат на ум , пред да започнат да се залагат за неа или ако веќе започнале да бидат свесни на нејзините последици штетни за македонскиот јазик, Македонецот и Македонија .

Да согледаме преку најсвежиот пример , со називот на нашата спортската Арена .Таа е создадена од парите на буџетот македонските даночни обврзници , кои се собираат преку наплата на ддв , во која НЕ учествува ниту Шутка , ниту македонскиот западен дел населен со Албанци .И со кредити од странство кои пак ќе мора да се подмируваат преку буџетот на државава
Да согледаме двојазичната промена на називите на Арената до сега .
Двојазичноста означува превод од македонски на албански и од албански на македонски :
Еве како оди тоа кај нас :
“Национална Арена Филип Втори Македонски ’’ македонски
превод во
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , на албански
понатаму од албанското наречение
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , кон превод на македонски
“Национална Арена Адем Јашари ’’.

Да изанализираме што се случува во преводиве .
Албанската страна преведувајќи називот “ Филип Втори Македонски’’ , како “ Adem Jashari , ја испраќа пораката пред своите дека ова овде не е просторот што се вика Македонија , туку Илирида , негирајќи на тој начин се што е македонско .
Пораката е испратена и до Македонците и до Светската и до белосветската заедница .
Со двојазичниот превод од македонски на албански што треба да се прифати , тоа и се потврдува .
Не во делот од на преводот од
“Национална Арена Филип Втори Македонски ’’ македонски
во
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , на албански ,
туку во делот превод од албански
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ ,
на македонски
“Национална Арена Адем Јашари ’’
Македонската страна согледувајќи дека така некако се одвиваат преводите , дека шаблонот е сами да си се негираме , па наместо да опстои називот “Филип Втори Македонски ’’, се случува , по кој знае кој пат ,дејствување преку линијата на послаб отпор .
Сега официјалниот назив е
" Арена Телеком ’’

И ?

Што се случува со воведувањето на овој назив ?

Пратената порака од албанската страна дека “Ова е Илирида , а не е Македонија , па дека во неа нема место ,иако со македоски пари изградени ,за никакви Филипи Македонски, кои мора да се бришат , читаме дека се избришани .

Читаме дека наместо тоа бришење да го стори албанската страна , бришењето стигнува од сопствената македонската страна .
И навистина .
Го нема повеќе називот “ Филип Втори Македонски ’’,

А го нема бидејќи тоа што се нарекува двојазичнен превод од македонски кон албански и од албански на македонски по својата суштина е - албанизација на македонските топоними .
Дали знаете дека Скопје се нарекува Скопје во цел Свет .
Скопје е Скопје и за Американците и за Русија и за Кина и за Јапонија и за “Рогот на Африка ’’и за “Огнената Земја на Латинска Америка ’’.
Зошто Скопје не е Скопје за Албанците и за албанскиот јазик ?

Зошто Скопје е Шкуп кај нив ?
Ако до скоро со владеењето на Отоманите постоела отстапување од јазична стандардизација која се базирала на превод на називи од кај нас во турскиот јазик, денес стандардизацијата си е таа: Не постојат преводи за топоними .Постои само препишување на имињата и на називите .
Превод направила единствено Грција и тоа базирана на аргументот на силата .Тој превод исто е отстапување од стандардизацијата на неменување на називите и имињата .
Тоа отстапување ќе престане тогаш кога ќе ги снема условите кои одржуваат постоењето на аргументот на силата врз кој им се темелат преводите.
Но ,ако тоа е така во Грција и тоа врз делот македонски , зошто тоа да е така и во Републикава ?

Кој е виновникот за појавава ?

Ману молчи , молчат и сите други за појавава на албанизирање.Дали знаете дека кодексот на однесување во времево во кое живееме, а наметнато од сегашниве позиционери е : " молчењето значи одобрување".
Ова вели дека секој што молчи , преку молкот си одбира страна ...
Некој мора да биде одговорниот .

Ревизија и треба и мора да има.

Враќање на називот “ Филип Втори Македонски ’’, сега и веднаш , мора да има .



Ајде да се присетиме :


“Министерот за образование Абдилаќим Адеми ги потпишал решенијата за преименување на училиштата „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“, објави општината Чаир на својата интернет страница Основните училишта „Јане Сандански“ и „Цветан Димов“ во скопски Чаир ...’’Телеграф - 09.06.2015

http://time.mk/c/fc66b66a53/zaev-i-sdsm-so-kontradiktorni-stavovi.html?fref=gc&dti=207371355960016

Што се случува кога еден наш македонски назив се заменува со туѓ нивен назив? 

Соживот или албанизација ?
 П.С. 
Најверојатно со одлука на Градски совет за време на мандатот на Владата на Никола Груевски и Вмро- Дпмне , минатата година 
“Националната Арена Филип Втори е ревбрендирана во Арена Телеком‘‘

Еве од кога е веста
4.11.2016

Од соопштението на Телеком за пошироката јавност испишано на англиски јазик : 
THE NATIONAL ARENA “FILIP II” IS REBRANDED IN “TELEKOM ARENA”

https://www.telekom.mk/ns-newsarticle-the-national-arena-filip-ii%E2%80%9D-is-rebranded-in-telekom-arena%E2%80%9D.nspx

No comments:

Post a Comment