Sunday, May 21, 2017

Околу позадината на промената на македонското знаме



СРЕДА, 15 СЕПТЕМВРИ 2010  
Национализам по запад во четири чина со резиме











Тодор Петров

Се’ додека постои нацијата ќе постои национализмот, оти тоа е основа на државноста... На Исток, во комунизмот, нацијата беше синоним за етнос, луѓе од ист род и пород. На Запад, во капитализмот, нацијата беше синоним за демос, како збир на граѓани независно од нивното етничко потекло... Се разбира, Македонија нема да биде прва во светот на капитализмот, во која по рецептот на Комунистичката интернационала ќе изумрат државата, народот, фамилијата, верата...

Чин први

Не е никаква тајна дека предлагач на шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа за државно знаме на државата Македонија беше независниот пратеник Тодор Петров. Тоа се премолчува. Зошто, знаат ќутолозите. Ретушираат, ама фактите не можат да ги демолираат. Предлабоки се трагите на вистината за Македонија. И тоа е тоа.

Веднаш по донесувањето на Законот за државното знаме на Република Македонија во 1992 година, почнаа да не’ облетуваат странски мешетари, за промена на државното знаме. И нашите не заостануваа. Прв после донесувањето на Законот за државното знаме на Република Македонија кој ми пријде со предлог за смена на државното знаме, беше пратеникот Тито Петковски: „Тодоре, што мислиш да го трампаме државното знаме за државното име во односите со Грција?!“ Му возвратив „Тито, јас се изнамачив шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа да се изгласа за државно знаме на Македонија. Кој има сила, нека проба сега нека го смени!“ Иако го сменија, ама за него ништо не добија. Тоа се вели идиоти!

Се сеќавам дојде една американска делегација, имаа одвоени состаноци со сите пратенички групи во првиот повеќепартиски состав на Собранието на Македонија. Ги разубедуваа за промена на државното знаме на Македонија. Имаа средба и со мене како предлагач на Законот за државното знаме на Македонија. Едниот од делегацијата ми рече: „Господине Петров, зошто сте ја одбрале токму таа апликација на сонце за државно знаме на Македонија? Во САД има толку многу агенции за дизајн, би можеле да Ви направат поубаво сонце за државно знаме на Македонија!“

Му одговорив: „Кога Вие би ми дозволиле ЈАС да нацртам државно знаме на Соединетите Американски Држави, тоа ќе биде најубавото државно знаме на светот!“ „Не, ние не бараме од Вас промена на државното знаме на Македонија“ - возвратија Американците. И заврши муабетот...

Кога под притисок „нашите“ го сменија државното знаме на Македонија, западнава бирократија ни возврати: „Знамето си го сменивте самите Вие!“ Демократски, нели?! Притисоците се заборавија, заради плиткиот ум на многумина „наши политичари“...

Чин втори

...Како независен пратеник, во далечната 1993 година, отпатував во Германија кај нашинци, Македонци. Бев гостин во ресторанот на нашинецов во градот Херксхајм. На едниот ѕид од салата каде што ручавме имаше нацртано, по целата површина на ѕидот, огромна карта на Македонија во етно-историските граници. Нашинецов беше домаќин на работен ручек на градските советници. Меѓу гостите бев и јас. Нашинецов се пофали дека на гости му е пратеник од Парламентот на неговата матична држава Македонија. На крајот од работниот ручек започнавме неврзан муабет, колку да се одбележи моето присуство. Еден од советниците ме запраша: „Господине Петров, Југославија повеќе не постои, Македонија е нова држава, зошто државноста ја врзувате за античката историја на Македонија? Доаѓале, проаѓале војски на тие простори, кој знае денес кој што е.“ Не чекав долго да одговорам: „Почитувани господа, НИЕ Македонците не тврдиме дека нашите корени се од семката на Александар Трети Македонски. Етнологијата денес не е чиста генетика, туку пред се култура. Се разбира со ДНК и тоа е мерливо, но за историјата на Македонија ние зборуваме, пред се, како за култура. Тоа што Грција денес преферира кон културата и историјата на Македонија, не значи дека ние и’ ги крадеме. Ако Грците се сметале за Македонци, а помоќни се од нас, зошто нивната држава не ја нарекле Македонија туку Елада?! За Македонија не спомнаа се’ до распаѓањето на Југославија? Патем, ние не зборуваме за чиста раса, како во ергели. Хитлер во Втората Светска Војна направи обид за создавање на чиста ариевска раса и видовме до кое дереџе ја доведе Германија. Точно е дека низ Балканот проаѓале и доаѓале војски. Јас не можам денес да тврдам баба ми со кого спиела, ама кога сме веќе до бабите, да прашам: кога руските казачоци влегоа во Германија во Втората Светска Војна, дали и една Германка остана несилувана? Тие Германки, што изродија: Германци или Руси?“ Еден од советниците веднаш ми возврати: „Вие нас не’ навредувате!“ Продолжив: „Значи, кога зборуваме за баба ми, нејзе можеле да и се редат белосветски војски од пред две илјади години, и поради тоа не може јас да бидам Македонец. Ама, кога зборуваме за тие што ги силувале Вашите баби од пред педесет години, тогаш Вие сте навредени?“

„Не сакавме да ја навредиме Вашата баба, ниту Вас“ - возврати соговорникот. „Истото и јас го мислам за Вашите баби и за Вас. Не ги навредив Вашите баби ниту Вас со тоа што ја спомнав Втората Светска Војна. Впрочем, за да се санкционира поделбата на Германија во Втората Светска Војна на Западна и Источна Германија, се создаде посебна етногенеза за западно-германци и источно-германци. Иако има и други приказни за источно-германците како потомци на Прусите, Прусите од Русите. Заради санкционирање на поделбата на Германија во Втората Светска Војна, западно-германците и источно-германците кодифицираа два различни литературни јазици, формираа западно-германски и источно-германски речник, кој до денес се употребува“ - го завршив муабетот. Разговорот не продолжи...

Чин трети

...За време на блокадите на граничниот премин Блаце према Косово во војната август 2001 година кога насилно прогонетите Македонци од Тетовскиот кризен регион го блокираа граничниот премин Блаце, за да покажат пред светот дека не се загрозени Албанците туку Македонците, од Македонија известуваше и екипа на Си-Ен-Ен со дислоцирано студио во хотел „Александар Палас“. Ме повикаа во студиото за директно учество во програма, да ги образложам причините на блокадата. Пред снимањето ме пресретна еден Американец од студиото, ми вели: „Што сте Вие?“ Одговорив: „Македонец!“ Возврати: „Оу, националист?!“ Го запрашав веднаш и јас: „Вие сте Турчин?!“ Американецот ми одговори: „Не, Американец!“ Му реплицирав: „Оу, расист?!“ Разговорот заврши. Значи јас Македонец, националист, ама Американецот демократ. Чудна некоја логика за национализам...

Чин четврти

...Ми доаѓа во канцеларијата на Светскиот Македонски Конгрес во центарот на Скопје, 2010 година, делегација на ОБСЕ. Да разговараат. Дипломатскиот претставник дојде со преведувач. Сакаа да муабетиме за државното име Македонија. Не дека не сум гостољубив, напротив и прељубезен во комуникацијата со сите, ама знам да го бранам сопственото достоинство. Го запрашав гостинот како се вика. Ми одговори: „Се викам Алфонсо.“ Намерно ја прашав преведувачката: „Како кажа, Алфред?“ Алфонсо веднаш ми возврати, најверојатно свати дека не сум го чул убаво неговото име, па продолжи: „Алфред е германско име, Алфонсо е шпанско име.“ Го навлеков во филм, па на англиски му реплицирав: „Вие Швеѓанец сте?“ Дипломатов одговара: „Не, јас сум Алфонсо, Шпанец од Шпанија.“ Пак не свати дека е во филмот, за да на крајот му одговорам: „Господине Алфонсо, Вашиот Ај-Ди (идентитет) е Алфонсо, Шпанец од Шпанија. Мојот Ај-Ди (идентитет) е Тодор, Македонец од Македонија. За што дојдовте да разговараме за промена на името на Шпанија или за промена на името на Македонија?“ Ја свати играта и разговорот продолжи  во многу порелаксирана атмосфера, иако се посрамоти.

Резиме

Сакав да Ви кажам како јас во очите на тие што не набљудуваат сум по дефиниција националист, иако нацијата ТИЕ ја измислија. А, векови пред нив НИЕ имавме држава. Како држави да не постоеле пред француската буржоаска револуција, та од неа па наваму ги измисливме нациите. Германија е федерација, ама во сите федерални единици живеат Германци. Ним лесно им е да менаџираат држава и да ја обединуваат Западна со Источна Германија. За западните стандарди, патриот е синоним за лојалност на граѓанинот према нацијата како синоним за државата! Ама декларацијата Македонец за истите извори е националист, како синоним за шовинист. Значи, ЈАС Македонец, не може, не смеам да си ја сакам татковината, родината, не смеам да бидам патриот, оти тоа не ни следи. Мојата љубов за мојата татковина во очите на западната бирократија е шовинизам за осуда, ама они со својата љубов за татковината може да војуваат за сопствените „национални“ интереси на сите меридијани на земјината топка и на останатите да им инкасираат колатерална штета?!

Почитувани, бидете патриоти и сакајте си ја татковината! Бранете ја и за неа борете се! Љубовта према татковината е света работа и уставна должност, израз на лојалноста према државноста! Независно од дволичноста на западните „демократии“ мислам бирократии. Тој што не ги сака своите во фамилијата не ги сака ни останатите. Тој што не ја сака својата заедница и држава, не ги сака ни останатите. Тој што е без вера, не може да биде верен ниту на фамилијата, ниту на заедницата, уште помалку на државата. Затоа, нека не Ве поколебат обвинувањата од оние кои убивајќи по светот Ве обвинуваат за љубовта кон својата фамилија, заедница, држава и татковина, а тоа го прават од „љубов“ према својата фамилија, заедница, држава и татковина...


...Нели, луѓето во светот се еднакви и рамноправни, а човековите права се универзални...





Извор

Thursday, May 18, 2017

Диктаторот Тито


ЦИА ОБЈАВУВА ДОКУМЕНТИ ЗА ЕГЕЈСКОТО ПРАШАЊЕ: Диктаторот Тито буквално тругвал со Македонија и Македонците и ја поделил Македонија!

Меѓу големиот број на документи кои се однесуваат на Македонија, а се од архивата на Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА), се наоѓаат и докази за тоа дека Јосип Броз Тито е всушност главниот виновник за поделбата на Македонија
454961-shto-sledela-cia-vo-jugoslavija-po-smrtta-na-tito
Имено, Тито некаде до 1952 година има интерес Македонија да ја прошири кон Бугарија и Грција, но по силно влијание, како што се објаснува во документите на ЦИА, тој решил да го затвори Македонското прашање за Егејска Македонија преку тоа што ќе им дозоволи на Грците да ја завземат таа територија, а заедно со помош на западните сили, народот да биде асимилиран или етнички прочистен.
Тито се согласил на ваков план, имајќи во предвид дека тој имал интерес во силна соработка со ЦИА.
Излажани и изманипулирани, тогашните активисти на ВМРО решиле дека треба да преземат акција против диктатоторот, па започнале со повеќе дејности кои ја промовирале нивната идеологија за обединета Македонија. Одговорот на Тито по 1952 година против формирањето на движењето за обединета и самостојна Македонија пристигнал преку интензивното следење на дејците на ВМРО од страна на УДБА, репресија, апсење и необјаснети убиства на сите оние кои работеле на оваа идеја.
Меѓу многумината, во документите на ЦИА се објаснува и начинот на кој бил затваран Панко Брашнаров, како Павел Шатев еден од најголемите дејци на ВМРО починал во затвор, како исчезнал Бане Андреев, убиството на струмичките студенти и многу повеќе.
Во исто време Русија се залагала за воена интервенција во Македонија со цел враќање на природната територија на Македонија и формирање на Голема Македонска држава! За тоа повеќе ТУКА!
Извор: infomax.mk


извор

Приказната за изгубениот син

Приказната за изгубениот син
Според Лука 15 :11 - 15 : 32
Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“
Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина.
Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.
По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат.
Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија.
Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите.
Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам!
Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе!
Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘
Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна.
Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘
Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете!
Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова,
зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри,
па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува.
Брат ти се врати‘ - му одговори слугата, ,па татко ти го закла најдоброто теле, радосен што го виде здрав.‘
Постариот брат се налути и не сакаше да влезе дома. Излезе татко му и почна да го моли.
Но тој му рече на татка си: ,Јас ти работев како роб сиве овие години и никогаш не ти бев непослушен, а ти ниеднаш не ми даде ни едно јаре за да се провеселам со пријателите.
А кога се врати овој твој син, кој по блудници го потроши сиот свој имот, за него го закла најдоброто теле!‘
Таткото му одговори: ,Сине, ти си секогаш овде, со мене, и сe што е мое е и твое.
Но треба да се радуваме и да прославиме, зашто брат ти беше мртов и оживе; беше загубен, но сега е најден.‘“

Така и ние , бидејќи за нас и нашиот род и пород се однесува поракава ,така и ние би требало да се поставиме кон сите кои што веќе утре ќе се откажат од тоа да бидат странци кај странците , па со покајание се вратат да си бидат свои меѓу нас што сме им семејство. Враќање кон моралноста пред се :
Погледнеме ли околу ќе согледаме дека сме постанале збирштина на Паразити кои сакаат пари ,а не сакаат да ги одработат. Лажговци кои меѓусебно се лажат заради
поткрадување ..
Секој кој ќе се покае .Бидејќи покајанието е и големо и свето.Уште поголемо од него е самото прифаќање на покајништвото и на оние што се во каењето .

Sunday, May 14, 2017

Историјата се повторува Минхенски договор -Рамковниот договор

АРХИВА August 25, 2001 Историјата се повторува Минхенски договор
Стојан Киселиноски - Историјата се повторува Минхенски договор "Рамковниот договор", всушност, го посеа семето на раздорот, семето на идните недоразбирања и конфликти меѓу Македонците и нелојалното албанско малцинство. Во "рамковниот договор" тлее, всушност, минхенскиот политички дух
На 30 септември 1938 година во Минхен (Баварија) се сретна А. Хитлер, фирер на Германија, Б. Мусолини, дуче на Италија, Н. Ченберлен, прв министер на Велика Британија и Е. Даладие, прв министер на Франција и го потпишаа Минхенскиот договор. По потпишувањето на договорот судбината на Чехословакија беше запечатена. Чехословакија, оставена сама од Велика Британија и Франција, беше принудена да го отстапи Судетскиот регион на Германија. Минхенскиот договор, сметаа претставниците на "западните демократии", го спаси мирот во Европа и светот. На 1 септември 1939 година фашистичка Германија ја нападна Полска, по достоинственото одбивање на полската влада да и отстапи на Германија екстратериторијален коридор низ својата национална територија.
Минхенскиот договор стана симбол на капитуланската политика на "западните демократии" пред теророт и насилството во меѓународните односи. Минхенската политика, всушност, е капитулантска политика. Политика на мир што секогаш води кон војна.
На 13 август 2001 година, во Скопје, се потпиша т.н. "Рамковен договор". За Македонците овој договор има карактер на Минхенскиот договор. Зошто?
Прво: во рамките на "Рамковниот договор" не случајно не се употребува поимот народ и поимот малцинство. Според "Рамковниот договор" во Република Македонија не живее еден народ (македонски) и малцинства (Турци, Срби, Албанци, Власи и Роми), туку само различни етнички заедници. Со тоа на македонскиот народ му се негира правото името на државата (Македонија) да се рефлектира во името на нацијата (Македонци) и името на нацијата (Македонци) да се рефлектира во името на државата (Македонија). На тој начин се крши историската спојка Македонија - Македонци и Македонци - Македонија. Според "Рамковниот договор" Република Македонија веќе не е држава на македонскиот народ и држава на малцинствата, туку држава на различни етнички заедници (македонска етничка заедница, албанска етничка заедница и тн). Со тоа на Македонија и се негира македонскиот етнички карактер, Македонија станува држава на шаренило на народи и Република Македонија добива географски карактер (упорно барано од страна на Грција).
По овие суштински промени, дел од "меѓународната заедница", до болка потчинета на американската политичка волја, ќе врши силен притисок и за сменување на името на државата. Тие, во иднина, ќе бараат името на ниту една "етничка заедница" да не се рефлектира во името на државата и името на државата да не се рефлектира и да не се совпаѓа со името на ниту една од "етничките заедници" што живеат во Република Македонија. На тоа се должи фактот што видни претставници на дел од меѓународната заедница за Македонија често ги користат поимите "оваа земја", "оваа територија", а за Македонците, наместо етничкото име, користат разни етнички деривати како "овој народ", "славјанското население", "славјаномакедонци" итн.
Второ: се официјализира јазикот на едно малцинство што е без преседан во меѓународната практика. Со високиот наталитет и со непрекинатата масовна емиграција од Косово, албанскиот јазик постепено ќе се рашири по целата територија на Република Македонија. На тој начин Албанците ќе добијат статут на народ во Република Македонија со сите етнички, политички и економски последици за Македонците.
Трето: "Рамковниот договор" ширум ја отвора вратата на федерализација, преку кантонизација, на Република Македонија. Тоа ќе се постигне со новиот закон за редефинирање на општините и со огромните локални овластувања што ќе ги добијат општините со новиот закон. Ние ќе добиеме (со "непристрасната помош" на разни западни олеснувачи) 5 до 6 албански кантони што ќе претставуваат една компактна албанска територијално-културна целина во Западниот дел на Македонија (Тетовско, Гостиварско, Кичевско, Струшко, Дебарско и нешто во Кумановско). Со тоа Република Македонија само формално ќе биде унитарна и суверена држава.
Со овој Рамковен договор, САД и нејзините европски сојузници уште еднаш потврдија дека доследно го почитуваат правото на силата, а не силата на правото во меѓународните односи. Тие уште еднаш, со примерот на Република Македонија, потврдија дека не ги почитуваат основните демократски принципи за кои толку често се повикуваат и залагаат. Демократијата е волја на мнозинството. Демократијата е владеење на мнозинството, која ја наметнува својата волја по демократски избори. Во Република Македонија 78% од населението (Македонци, Срби, Турци, Власи и Роми) го поддржуваат Уставот на Република Македонија, а само 22% (Албанците) не го почитуваат и покрај фактот што Уставот на Република Македонија им ги гарантира сите малцински права. Не го прифати Уставот на Република Македонија едно нелојално малцинство што во историјата на Македонија секогаш играше улога на петта колона и секогаш се бореше против најсуштинските интереси на македонскиот народ и македонската држава.
Што поддржаа САД и нивните сојузници во Република Македонија? Демократијата (волја на мнозинството, 78% од населението) или недемократијата (волјата на едно нелојално и агресивно малцинство, 22% од населението што се создаде како значително малцинство по 1960 година со масовна емиграција од Косово)? Тие го поддржаа малцинството и на тој начин останаа верни и достојни наследници на непринципиелната дипломатска традиција на нивните предци што се изрази со решенијата на Берлинскиот конгрес (1878), Букурешкиот мировен договор (1913), и особено Париските мировни договори (1919-1920). По нивните дипломатски решенија секогаш по правило следеа нови војни, покрвави од првите.
"Рамковниот договор" не е исклучок од ова правило. Македонија не може да биде држава на два народи (на еден стол не можат да седат истовремено двајца). Македонија може да биде држава само на македонскиот народ и на малцинствата што рамноправно живеат во неа. "Рамковниот договор" само привидно го посеа семето на мирот. "Рамковниот договор", всушност, го посеа семето на раздорот, семето на идните недоразбирања и конфликти меѓу Македонците и нелојалното албанско малцинство. Во "Рамковниот договор" тлее, всушност, минхенскиот политички дух...
(АВТОРОТ Е ИСТОРИЧАР)

Извор :

Saturday, May 13, 2017

Ekzarhija so znacenje na stranska nadvoresna

Останува фактот дека „Екзархија“ точно значи „Странска“ црква. А ако е странска не е наша.
(види за споредба „Extraterrestrial", "Exile", "Excommunication", и т.н.)
Екстер
*Егстер
Егзарх

- од надвор
Ајмен
izvor

Friday, May 12, 2017

Kittim -Anaveno

ne znam sto e prethodno pisuvano..
ama ova go znam..
The Kittim in the War Scroll and in the Pesharim

By the end of the second century BCE there was a dispute around the identification of the Kittim in Judea. The author of the First book of Maccabees(zapamtete AVTOR,NE TOLKUVAC ILI SLICNO), who wrote his book at the beginning of the reign of John Hyrcanus the first, around the year 135, identif ied the Kittim with the Macedonians (no. 2 in the handout):
"This is the history of events which began in the era of Macedonistic ,"Hellenistic"(bullshit..nemalo hellenistic pred 19 vek) dynasty. The dynasty has its origins in the time of Alexander son of Philip, the Macedonian.
This Alexander marched out from the land of Kittim...and smote Darius, king of the Persians and the Medes, and became king in his place and thus the first to rule over the Macedonistic (Hellenistic e bullshit,nemalo pred 19 vek..) empire"
(1Maccabees 1:1);
"They have defeated in battle and conquered King Philip and King Perseus of the Kittim (Macedonians), who had attacked them"
(1 Maccabees 8:5). His identification was based on the assumption, that Persia is to be identified with the Asyrian kingdom, based on Ezrah 6;22:р¬»Žт¬р©…п»рон¬¦оЖрЎнрІс¬фрт…Žфр»І»Гр…тІЎо®р‘»ртІЎГројур¬оі…р¦ …рІ¦Хр›т¬ШрŽ¦оГр¦Ў ур»м»оГр…І¦›‘фр…»фро»Г𛦬о»р»тШ›¦ 'And they joyfully celebrated the Feast of the Mazot for seven days, for the Lord had given them cause for joy by inclining the heart of the Asyrian king toward them so to give them support in the w ork of the House of God, the God of Israel'. Having conquered the kingdom of Persia, i.e. Assyria, by Alexander the Great (bullshit nemalo great pred 19 vek,yuku MAKEDONSKI), one may deduce that the Kittim should be identified as the Macedonian.

Hanan Eshel

koj e John Hyrcanus (Yohanan Girhan 134 BCE - 104 BCE?.........
by his brother-in-law Ptolemy(Makedonecot)...

kakov Kipar i slicni gluposti...

zarem covekot koj bil..brother-in-law Ptolemy(Makedonecot)..
i koj se dignal na vostanie protiv Selevkidite (Makedoncite),bi utnal kade i koi bile Kitim i od Kitim....

Izvor

Причина

Macedonian word as root for languages around.
Word is reason root is verb told .
Причина
Речено
Реч
Рк
ч-к
Рк
Узрок
к-ц
Рц
Реч
Рец
Rec
Racio
Pricina
c- t
Ratio
t- s
Rasio
Reason
Причина
Узрок
Ratio
Reason
Every where are RC switched loadings except  at Greek where
logos is standing instead .
Question over this simple word is .
Why we haven't got logos loading spears instead ?
https://translate.google.com/m/translate#en/el/reason

Thursday, May 11, 2017

Хеленизмот европска измислица од 19 век

Johann G.Droysen"Geschichte des Hellenismus", Hamburg, 1836–1843, in which he created the term "Hellenistic".

Wednesday, May 3, 2017

Напишано на три јазици


Каков е тоа грчки , каков е тоа латински и каков е тоа еврејски јазик ?

Исусовото распнуваве
(Мт 27,32-44; Мр 15,21-32;
Лк 23,26-43)
17 И носејќи го Својот крст, Тој излезе
на местото наречено Черепница, а по
еврејски Голгота;
18 таму Го распнаа, а со Него и други
двајца, од едната и од другата страна, а
насреде - Исус.
19 Пилат, пак, напиша и натпис, и го
кладе на крстот. А беше напишано:
-Исус од Назарет, цар Јудејски.⌠
20 Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците,
бидејќи местото, каде што бе-
ше распнат Исус беше близу до градот;
а беше напишано на еврејски, грчки и
латински.