Search This Blog

Wednesday, May 24, 2017

Проштално Богдановски

Прошталното писмо на ДРАГАН БОГДАНОВСКИ

Претсмртното каење за Љубчо и за Партијата

„Досегашната историја на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека таа со многубројноста на своето членство, со своето семејство во демократскиот систем на македонскиот парламентаризам, е најголемата и најзначителна македонска партија.Ни една друга партија не ги изразува стремежите и надежите на македонскиот н
арод за една посреќна утрешнина како што тоа го изразува ВМРО-ДПМНЕ. Македонската младина е сплотена како авангардна комуна (?) во ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ може слободно да се каже дека е партија на македонската младина, бидејќи младината на секој народ е негова иднина. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ е партија на македонската иднина.

Во ВМРО-ДПМНЕ се организирани најпатриотските политички сили на нашата македонска нација затоа е чест и гордост да се биде член или симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ. Преку ВМРО-ДПМНЕ блескаат во нова историска содржина идеалите на славниот Илинден 1903.

Секој глас даден за ВМРО-ДПМНЕ, е глас за македонска Македонија, глас за Гоце, Даме, Никола Карев и за сите други херои на македонскиот народ кои се бореле или умреле. Македонија да живее слободна и независна. И покрај колапсот на тоталитарниот комунизам и создавањето на независната македонска држава и покрај воведувањето на повеќепартискиот систем во нашата македонска држава, а сé уште не е воспоставен вистински демократски систем. Македонија денеска целата липа под србокомунистичката диктатура и ропство кое ни остана во наследство од титовистичката Југославија. Србоманскиот врховизам кој беше озаглавуван од Лазар Колишевски, денеска сé уште живее и владее во Македонија, но заглавен од новиот Султан Абдул Хамит - Киро Глигоров.

Во Македонија не може да има вистинска демократија сé додека македонскиот народ со демократски средства, не со борба, не ја испрати од власта србокомунистичката диктатура на Киро Глигоров во чиј состав влегува и денешната македонска криминална мафија. Затоа, неминовно е потребно да ја закрепнеме нашата ВМРО-ДПМНЕ. За тоа ни е потребно единство во нашата партија. Јас, како еден од основачите на нашата партија, честит вмровец што со некои мои избрзани и непромислени пишувања придонесов за создавање неединство и истребување (?)...на нашата партија.

Претсмртното каење за Љубчо и за Партијата

Со ова писмо го повлекувам како невистинито сето она што го имам напишано против нашата партија особено против нејзиниот смел водач Љубчо Георгиевски. Ги молам членовите на нашата партија да ми простат за сторениот грев, а јас од моја страна сакам искрено да се сплотам во редовите на нашата славна партија и особено ги молам од мојата смртна енергија да ги повикаме за нов и уште поуспешен став на нашата партија.

На крајот, ги поздравувам сите членови и симпатизери на нашата партија и им порачувам уште повеќе да се сплотат околу Љубчо Георгиевски, кој е гаранција дека ќе се остварат идеалите на нашата партија. Сакам да подвлечам дека опасноста за интересите на Македонија не се состои во наводната и непостојна бугароманија на Љубчо Георгиевски туку во србоманијата на Киро Глигоров- диктатор, наследник на српскиот диктатор Лазар Колишевски. Нека ова поздравно писмо биде сфатено како моја искрена исповед и како грижа на мојата совест. Идејно и со своето полувековно политичко минато припаѓам на ВМРО-ДПМНЕ. Како вмровец сакам да умрам и да бидам испратен во гробот од мои вмровци – пишува Богдановски.

Тажен крај на осамениот воин Фељтон – ВМРО-ДПМНЕ

пс.јас сум го превзел од фељтонот кој излегуваше во весникот БИЗНИС24
09-02-2012 01:13 PM
Find all posts by this user Quote this message in a reply
hristo Online
Super Moderator
******

Posts: 1,659
Joined: Dec 2009
Reputation: 30
Post: #1044


No comments:

Post a Comment