Tuesday, July 11, 2017

Склавинија и како назив за Самоиловото Царство



 Околку терминот Склавинија
lat. Sclaviniæ - "oblast"
Откако Рим ја поробил Македонија после тн Трета Македо-Римска Војна, победувајќи го Персеј, Македонското Антигонско Царство престанало да постои , а наместо него победникот формирал воено административни области наречени Склавиини.Биле четири на број  со силно контролирани граници да неможе ниту еден Македонец  да премини од една во друга област без дозвола . На Македонците им било забрането дури и да се женат меѓусебе, доколку биле од различни области.
.Временски овие воено административни едниници се датираат од 168 год  до 148 год пред Исус . Нивното траење е во период од 20 год ,а споменот за нив трае до ден денешен .Во 146-та Македонија е припоена кон Рим и постанува Римска Покраина.
Самиот термин е создаден од туѓите завојувачи и окупатори и наметнувајќи го имаат за цел ,освен полесно управување и загосподарување со освоените територии и ништење на секаква народна свест кај потчинетите кои се сведуваат на  статус на робови .
Римјаните овој термин го наметнувале врз сите освоени територии.
Такви Склавинии има источно од Рајна, на северот од денешните Германија и Унгарија, а се спомнуваат и во Шпанија , Мала Азија и Северна Африка...1


Овој повеќенаменски термин редовно се искориствувал како назив за одредени подрачја или збир на области како  :
"Ecclesia Sclavoniæ"која ги вклучувала Босна и Далмација  ..
"S(c)lavonia" во денешна Хрватска, " Macedonia Sclaviniæ"[2] , "Sklavinska" (денес преименувана со "Dublinska") во Полска  итн 
Дури и она што е денес Гераманија порано,некаде цирка 800 год од Исус  било "Sclavania" (види карта)[5].
Исто така од Источно Римските извори на латински читаме : "...de Asiæ et Europæ patribus , Thraciæ , Macedoniæ , Salonicæ et circumiacentis Sclavinis..."[6]...3
Од тука можеме јасно да согледаме дека значењето на овој термин е адмиистративен израз со кој се означува :подрачје ,област или  регион.
Денес ,малце видоизменет исто така се користи овој термин :
"Enklavа"
Енклавите по дефиниција се одредени области или подрачја со жители од исто потекло во себе .



                                  


Терминот Склавинија и е корен за зборот роб , бидејќи служи и како основа за извод во јазикот на окупаторот.
Денешен извод од него на пример се англиското Slave , италијанското ‘‘Schiavе“итн


Освен во пишаните документи терминот Склаве се спомнува на еден артефакт , на една минијатура наречена “Четири Грации ’’, нацртана како што се наведува ,во времето на Императорот Хенрих II (1002-1024),  од 10-тиот век .

Четири Грации




Сликата,насликана некаде 1005 –тата год .  е полна со симболики, втемелени на библијските текстови и создавана е по теркот на тогашните сваќања на Црквата  за Светот

- Папата не е претставен,  иако сите четири Грации му се поклонуваат ,бидејќи нели и тој како и Свемоќниот е невидлив за човечкото око .

-Четирите девојки се со четири круни и означуваат четири царства,една девојка едно Царство кои се под лидерство на Папата и  она што допрва  ќе се нарече Католицизам.

 Сите четири девојки се насликани со боси нозе  што говори  за понизноста која што Царставата ја имаат кон Папата ,кој најверојатно преку тој детал си се воздига себе си пред тогашниот Свет ,барајќи од девојките да си ги изујат обувките кога му доаѓаат на поклонение ,на ист начин како што и Бог тоа го побарал од Мојсие ,кога му се јавил во вид на грмушка што гори и му побарал да ги собуе , и да се помоли оти верникот се наоѓал на Свето место .
Факт е дека и за Ватикан се вели дека е свето место.

Четирите му  носат поклони во рацете и ги приложуваат кон оној што себеси се смета за наследник на Синот Божји на земјава обзнанувајки дека преку тоа му ставаат на располагање најсветото и највредното што го имаат за свое .
Исто како што и Авраам подава како жртва паленица пред Бога својот првороден син Исак ,своето највредно нешто .
Има ли нешто за едно царство да е посвето отколку неговите царски симболи?

Така можеби и да ги објаснеме и поклоните кои што се наоѓаат во рацете на сите четири девојки кои што се приложуваат ,поклонот да е симболот на царството ,поточно подаништвото што Царството го има кон “Највозвишениот ’’.



Во рацете на Склавинија се наоѓа симболот на Сонцето
“Sclauinia пишува Донски во својата рака го носи Сонцето ,а околу рамото има извезено мотив од македонските народни носии ...’’ 4  


Оти дошла и таа на самата на поклонение па му го нуди највредниот симбол што го има .Сонцето (Името го препуштила на следните генерации кои откако ќе изродат како фиромци да го носат дар кон Грциштана кога ќе им одат на поклонение )


-исто и за националните симболи на останатите три царства мора да се поклопат значењата и во тој правец
зборувајќи за националните симболи ,повеќе од непотребно во овој топик е да се нагласи зошто сонцето е дел од
минатото на нашиот народ ,доволно е да се напише дека ниту еден друг т.н словенски го нема , ниту на исток ниту на запад од нас Македонците ?

                                 Зошто Склавинија а не Македонија ?

Држејќи се до пристапот на поданици и господари што Западното Римско Царство го има спрема Македонија , поткрепен со историските термини применети врз поробените  народи и држави , Рим најверојатно става до знаење дека тој е главниот Господар од кого зависи се и според чија што воља се движат нештата. Од Рим е  ,додека во некоја блиска иднина не се докаже спротивното )  е подигањето на Охридската Црква во ранг на Патријаршија , од Рим е и согласноста за прогласувањето на Царството на Самоил , па затоа ова Цартсво и неговиот Цар има да му бидат понизни онему што им дозволува политичката независност од Константинија .
А терминот на понизноста е доволно читко изразен . Склавинија.

Пољаците исто така во својот национален романтизам , барајќи го своето минато претендираат кон називот Склавинија , пишувајќи дека тој се однесува за Средновековна Полска .
Тие пишуваат дека :
“-"Tysiac lat temu przybyl do Gniezna cesarz niemiecki Otton III.
Mial on ciekawa wizje tego, czym ma byc Europa. I wlasciwie teraz, po tysiacu lat, do tej wizji powracamy...
- Tak, Otton III chcial stworzyc Imperium Romanum - Imperium Rzymskie. To nie mialo byc jednak imperium majace jednego glównego wladce i podleglych mu wladców terytorialnych. To miala byc federacja suwerennych panstw Europy. W rekopisie z okolo roku 1000, przechowywanym obecnie w Monachium, istnieje iluminacja przedstawiajaca hold skladany cesarzowi Ottonowi III przez cztery nacje. Sa to Roma (Italia), Germania (Niemcy), Galia (Francja) i Sclavinia. Przez Sclavinie rozumialo sie najpotezniejsze i najlepiej zorganizowane panstwo slowianskie, czyli Polske " 5
 Фокусирано во последниот ред од текстот ,преводот би требало да биде отприлика вака :
“Przez Sclavinie rozumialo sie najpotezniejsze i najlepiej zorganizowane panstwo slowianskie, czyli Polske ..’’
“Склавинија-организирано господарство како дел од полската нација ..’’

Но, Склавинија сепак не е називот за Полска од 10-тиот век .
Еве зошто
Освен што Самоиловата држава била единствена тн јужнословенска држава во тој период. 6

Тие не само што ја немаат круната од венчавката од тоа време ,туку ниту денес го  немаат, како што го немале ни тогаш  симболот на  Сонцето како свој национален белег .


Или да им се посочи уште еден детал од минијатурава .
Тоа е обликот на Царската круна , нацртана над главата на Склавинија .



По својот изглед тоа се ѕидините на Самоиловиот  Двор во Охрид , денес препознатливи како “ Самоиловите Ѕидини ’’,“Самоиловите Кули ’’или “Самоилова Тврдина ’’

Зошто Склавинија не е термин со кој би се опишала Бугарија ?
Затоа што во никаков облик не се употребува терминот
vulgare  кој би можел да биде макар и асоцијација .

Извор :
1, 2, 3, - Васил Чулев,“Создавање на Словенската Бајка ’’(Од Монахот Фома до Јужните Словени ), Скопје , Македонија , 2014 год.


4- Александар Донски , “МАКЕДОНСКО-ГЕРМАНСКАТА ГРАНИЦА НА ДУНАВ ’’, колумна во Македонско Сонце , број 180
http://www.makedonskosonce.com/sonce180/tekst7d.htm

5- http://www.gp.pl/prasa/gp/dokpub/00-04-28/aktualnosci/006.html
6- Remarques sur Ethnographie de la Macedoine Par J.Cvijič Paris 1907,Dom in svet, 1907