Saturday, July 15, 2017

Една слика илјада зборови Јане старкио

Под фотографијата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, објавена во Бугарија како разгледница набргу по неговото убиство во 1915 година, стои следниов текст, напишан на бугарски јазик, веројатно затоа да можат полесно да си го читаат и постојано да си го препрочитуваат тогашните, сегашните и идните поколенија бугарски политичари и историчари:
Легендарниот војвода Јане Ив. Сандански, „Старикот”, „Пиринскиот цар”, роден 1874 во с. Влахи, Мелничка околија, по 20-годишната неуморна борба за ослободителното дело на македонскиот роб падна на 10 април 1915 во Пирин, кај месноста Баба, убиен од злосторничката рака на Бугарите.
Една слика – илјада зборови за „заедничката” бугарско-македонска историја!

(Фотографија од документарната збирка на А. Климан).
Извор