Monday, March 27, 2017

Епископија -Скопје

Е Пи Скоп - нашки 
Би шоп - англиски 
 -------
Споредување .
Би во вториот назив, би требало да е нешто двојно .
Што тоа?
Можеби посочува на првиот назив , од кој произлегува?
Би = 1+1
2 = Е + Пи 
Ако е така, дали Е+ Пи се она што нарекуваме "Константинов Крст " ?
Јас го налетав како " Чи Ро" па бидејќи беше испишан со буквите "Х Р " си толкував од неколку агли.

Ако е латинско исчитувањето тогаш би се потврдило вториот дел дека 
Би = Е + Пи поточно 
Би = Е Р од кованката 
Е Пи Скоп .
А што е со Е ?
Дали и него да го гледаме како симбол?
Ако е да, тогаш кој симбол?
На рибата ?
Или во симболот Х ?

Ова гласно размислување е во правец на можното значење на Скопје - Скупи - Ушкуп - Шкуп .
Дали Скопје било седиште на епиСкоп од време на Јустинијана Прима?
Дали Шопи означува припадници на епископија?
Бидејќи
Shop
Scopia
E Pi Scopia
Bi + Shop
Bishop



Дали латинското SCUPI, доаѓа од С(и)КоПоИа поради а од таму и зборот за Купола (италијански: cupola; латински: cupula) . 
“““““Купола е архитектонски елемент, кој има облик сличен на полутопка или некое друго заоблено геометриско тело (елипсоид,параболоид и сл. Куполата претставува подвижен елемент, кој служи како покрив, за кој не е потребна дополнителна подршка, а најчесто се изработува од камен илицигла, а во поново време и од бетон и метал.
Конзолестите сводови биле составни делови од градбите и гробниците, уште во Стариот блиски исток. Преобразбата на ваквите сводови во куполи започнала со римската архитектонска револуција, кога куполите биле употребувани како покриви на храмовите и другите јавни градби....““““.  :-) Преобразбата почнала со римската архитектура а прв пат ја употребиле при изградба на Пантеонот во Рим, изграден во 128 година. Виделе од нас и после ја применувале и они за храмови на боговите. Епа ете го и зборот ПАНТЕОН – ПАНТЕЛЕМОН

Значи римјаниве начекале град со куполи кои биле составни делови од градбите и гробниците и го нарекле SCUPI како дериват од домашниот израз СиКоПоИа

Тоа се тие куполи , на македонските гробници  :-)

Така некако и од мој агол .
Бидејќи религијата ми е фокусот на согледување на нешата , се обидувам да доловам како е преведено .
Кое ново значење му е доделено на она што веќе постоело и пред тоа.
Ако пред тоа постоело место кое било објаснето како збир, собирок или Скуп , тогаш со налетот на поновите времиња,( за мене тоа е религијата на христијанството ), си поставувам прашањето за можната промена во значењето .
Ако дотогаш било скуп , како бидува отогаш?
Претпоставката ми е дека отогаш ,на веќе постоечкиот назив ,се додава симболот на христијанството ,при што со ова додавање, доаѓа до дополнително дообјаснување во значењето .
Симболите би се изразиле преку буквите X P , така што се испишуваат на почетокот на називот .
Па кон Скупи или СиКопиа ,како што читаме изанализираново , со додавањето на Х Р , преку кованката :
Х Р Скуп , исчитано како 
Х-> Е *
Р - >Пи 
би се стигнало до христијанизираното значење 
Е Пи Скуп 
т.е. од “местото на собирен центар на душите ’’ и титулата 
титулата на онаа што била задолжена “за видување /надгледување на тоа случување’’, кон титулирањето на 
“оној што е поставен за надгледување на таквиот процес на движење ’’ на душите на умироупокоените ..

Недостатоков во пристапов ми е промената на 
Х кон Е .
Позитивната страна на согледувањето на овој начин е во преводот од Е Пи Скоп , кон Би Скоп , бидејќи 
Би означува и двојност , а двојноста се исчитува во збирот на Е + Пи .
Или описно дека Е+ Пи = процес на собирање ќе прочитаме и во зборчето Скуп . Или
Е+Пи = збор 
Е+ Пи = Скуп
Ќе се запрашаме ,а каков Скуп ?
И ќе одговориме , па истиот оној што бил и дотогаш, скуп /збир на душите , со тоа што сега тие веќе починати души , се христијанизирани ,бидеќи се христијански за време на живот ,а сето тоа “ под будното око на оној поставен да надгледува тој процес ’’, “од Бога дадениот од свештенството поставениот и во службата на народот одредениот пресветлиот Епископ ’’.
:)

Позитивната страна на овој пристап ја имам и во преводот од Е Пи Скопија ,како територијата над која Епископот има своја надлежност , во јазикот на Турците , кои преведуваат од 
Е Пи Скоп , 
Би Шоп 
како 
У Шкуп .
Ова бидејќи оповргнува тезата дека Шкуп е тн илирски или дардански термин , за кој лично сеушпте не сум исчитал како Гегите Муслимани му објаснуваат значењето

Преземено и од пишувањата на
Таневски Горан
на  странава

извор

Sunday, March 26, 2017

Двојазичноста и штетноста од неа

Сегашноста која ќе посведочиме ,памети дека еден народ беше мотивиран во борба против криминалот и диктатортсвото што му се случувал во државата.Така мотивиран тој народ некако востана и го набрка сопствениот диктатот .
Тој народ е украинскиот кој го сруши режимот на Јанукович , му најде и златна wc шоља во неговиот замок .
И ?
Што се случи подоцна?
Каде се тн Мајданци кои востанаа?

- Со прст во уста ги испратија на Источниот Фронт да гинат како глинени голуби.
Каков е сега режимот во Украина под лидерството на Порошенко ?
Ќе посведочиме дека уште еден народ пред Украинците востана против својот диктатор.
Српскиот .
И тој се крена на нозе го прати својот Милошевиќ да губилиште .
И ?
Живеат ли Србите подобро сега отколку порано ?
Македонија не е надвор од оваа планета .
Мотивираноста кај нас беше борба против криминал,расипништво и диктаторство .
И многу мотивирани за таквата борба шетаа пред избори, па за време на изборите гласаа за подобра живееачка по дома .
И ?
Се случува капиталот сконцентиран од дадените гласови , да се
насочува кон остварување за некаква туѓа Платформа која вели продолжување на албанизација на Македонија , преку нејзиното обезличување , до потполното дотепување.
Се случува тоа да мотивираните гласачи за опцијата на подобра живеачка во општество без мито ,корупција и криминал без неофашистичко диктаторство , бидат ИЗМАНИПУЛИРАНИ .
Изманипулирани бидејќи никој од нив од гласачите за сеуште Опозицијата , никој од првиот до последниот немаа никаква претстава, за тоа што отпосле ќе се случува со од нив дадените гласови .
Нив не можеме да ги согледуваме низ призмата на Гоцевата мисла дека не постои друг народ кој повеќе страда од предавствата на сопсвените синови изроди ,како македонскиот .Едноставно гласачите се намагарчени .
А се случува тоа да измамените гласачи не знаат која е вредноста што им се спрема да им се воспостави во општеството, за кое кое си гласаа да им пиде и поубаво и пофунционално.
Зарем сега заложбите за создавање на услови за ширење на туѓ јазик и туѓи спечифичности и обележја треба да им е вредноста која мора да ја прифатат ?
Зарем опцијата на земање на бугарски пасоши треба да биде надоградена со ставање на кечето на глава ?
И ?
Што ќе биде ден потоа?
Во Украина се случува војна и таа во најмала рака ќе е бесконечно долга , бидејќи таму сега се припадниците на Вујче Сем , кои не беа ниту гласани , бидејќи немаа избори , а не беа ниту спомнати кога започнуваше нивната антикриминална битка .
Во Србија ден потоа се случува освен мизеријата на современите тн диемократии , се случува дополнителна албанизација и кон Ниш и кон Централна Србија .
Што ќе биде ден потоа кај нас во Македонија откако би се случила промена на сегашната со Власта воспоставена од Партија која усвојува туѓа идеологија и навестува дека по нејзе ќе уредува системот кој би го владеела ?
Кој е крив за сево ова ?
Каде е каде е вината и кој ќе се повика на одговорност ?

Спомнува Опозицијата некаков договрен за јазик од 2008 ,што би надоградуван 2011.

Тоа што спомнува постоењето на таков “за албански притиснете два’’, договор значи едно и само едно нешто.
Таков договор штом се спомнува , таков договор има, а и пракстата гледаме и слушаме тоа го потврдува:
И сообраќајни значи на три јазици и мобилни оператори и ТВ куќи со албанскиот како главен јазик и радио станици со само албански јазик.
Како треба да се поставиме кон посочувањето од страна на Опозицијата за постоењето на договорите за зголемена употреба на албанскиот јазик во Републикава ?
Несомнено е дека албанскиот јазик потиснува примената на македонскиот јазик во Републикава .
Но , која е улогата на Опозицијава што посочува дека Позоцијата веќе прифатила договори за ширење на албански ?

Еве која и еве како треба да се поставиме кон Опозицијата .

Ќе се послужиме со метафората на Библиската Приказна за првиот грев.
“ Кога Бог шетајќи низ рајот здогледал како Адам јаде од забранетото јаболко , го прашал :
- Адаме , зошто јадеш од забранетото ?
Адам пак одговорил
“ Ева , што си мија дал за жена , и таа јадеше , таа ме наведе и мене ...’’
Значи наместо извинување и барање прошка , Адам посочува дека не бил само тој што греши , туку дека и Ева била таа што правела истото .
Паралелата со реалноста денес е следнава :
Наместо Опозицијата да престане со она што некој друг тоа го прави , наместо да искритикува дека дејствувањето е погрешно бидејќи носи штетни последици , таа само посочува дека не е единствената што се залага за ширењето на албанскиот јазик низ Репуликава.
Посочувањето на опозиционериве дека освен нив и Позицијата е таа што , исто како и Ева од приказнава , прави грев загризувајќи од јаболкото , е во насока на изговор
и пред себе и сопсвената совест и пред нејзините гласачи , мотивирани во борба против Криминал и за содавање на посреќно утре , пред македонското општество ,особено кон делот што не се нејзини гласачи , како и пред мегународната заедница , особено оној тн белосветски дел , кој што застанува како нивнен нај главен тутор и мецена .

Што е тоа двојазичност и како и Позицијата и Опозицијата составена од тн македонски блок партии , треба да имаат на ум , пред да започнат да се залагат за неа или ако веќе започнале да бидат свесни на нејзините последици штетни за македонскиот јазик, Македонецот и Македонија .

Да согледаме преку најсвежиот пример , со називот на нашата спортската Арена .Таа е создадена од парите на буџетот македонските даночни обврзници , кои се собираат преку наплата на ддв , во која НЕ учествува ниту Шутка , ниту македонскиот западен дел населен со Албанци .И со кредити од странство кои пак ќе мора да се подмируваат преку буџетот на државава
Да согледаме двојазичната промена на називите на Арената до сега .
Двојазичноста означува превод од македонски на албански и од албански на македонски :
Еве како оди тоа кај нас :
“Национална Арена Филип Втори Македонски ’’ македонски
превод во
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , на албански
понатаму од албанското наречение
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , кон превод на македонски
“Национална Арена Адем Јашари ’’.

Да изанализираме што се случува во преводиве .
Албанската страна преведувајќи називот “ Филип Втори Македонски’’ , како “ Adem Jashari , ја испраќа пораката пред своите дека ова овде не е просторот што се вика Македонија , туку Илирида , негирајќи на тој начин се што е македонско .
Пораката е испратена и до Македонците и до Светската и до белосветската заедница .
Со двојазичниот превод од македонски на албански што треба да се прифати , тоа и се потврдува .
Не во делот од на преводот од
“Национална Арена Филип Втори Македонски ’’ македонски
во
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ , на албански ,
туку во делот превод од албански
“Arena kombëtare, Adem Jashari ’ ,
на македонски
“Национална Арена Адем Јашари ’’
Македонската страна согледувајќи дека така некако се одвиваат преводите , дека шаблонот е сами да си се негираме , па наместо да опстои називот “Филип Втори Македонски ’’, се случува , по кој знае кој пат ,дејствување преку линијата на послаб отпор .
Сега официјалниот назив е
" Арена Телеком ’’

И ?

Што се случува со воведувањето на овој назив ?

Пратената порака од албанската страна дека “Ова е Илирида , а не е Македонија , па дека во неа нема место ,иако со македоски пари изградени ,за никакви Филипи Македонски, кои мора да се бришат , читаме дека се избришани .

Читаме дека наместо тоа бришење да го стори албанската страна , бришењето стигнува од сопствената македонската страна .
И навистина .
Го нема повеќе називот “ Филип Втори Македонски ’’,

А го нема бидејќи тоа што се нарекува двојазичнен превод од македонски кон албански и од албански на македонски по својата суштина е - албанизација на македонските топоними .
Дали знаете дека Скопје се нарекува Скопје во цел Свет .
Скопје е Скопје и за Американците и за Русија и за Кина и за Јапонија и за “Рогот на Африка ’’и за “Огнената Земја на Латинска Америка ’’.
Зошто Скопје не е Скопје за Албанците и за албанскиот јазик ?

Зошто Скопје е Шкуп кај нив ?
Ако до скоро со владеењето на Отоманите постоела отстапување од јазична стандардизација која се базирала на превод на називи од кај нас во турскиот јазик, денес стандардизацијата си е таа: Не постојат преводи за топоними .Постои само препишување на имињата и на називите .
Превод направила единствено Грција и тоа базирана на аргументот на силата .Тој превод исто е отстапување од стандардизацијата на неменување на називите и имињата .
Тоа отстапување ќе престане тогаш кога ќе ги снема условите кои одржуваат постоењето на аргументот на силата врз кој им се темелат преводите.
Но ,ако тоа е така во Грција и тоа врз делот македонски , зошто тоа да е така и во Републикава ?

Кој е виновникот за појавава ?

Ману молчи , молчат и сите други за појавава на албанизирање.Дали знаете дека кодексот на однесување во времево во кое живееме, а наметнато од сегашниве позиционери е : " молчењето значи одобрување".
Ова вели дека секој што молчи , преку молкот си одбира страна ...
Некој мора да биде одговорниот .

Ревизија и треба и мора да има.

Враќање на називот “ Филип Втори Македонски ’’, сега и веднаш , мора да има .

Monday, March 13, 2017

Дискусија околу терминот Идеологија

Да ти Нацртам -Околу омаловажувањето на терминот Дали вие можете “да ми нацртате’’, што за вас значи поимот идеологија ? Благодарност однапред за обезедување ваше мислење . Дотогаш ова е видувањето кое би сакал да споделам Сметајќи се националист поставен кон зачувување , развивање и унапредување на сопсветвеното , националното , ќе дозволите .. Идеологијата , што се прикажува како негативен темел во вашево клипче е она што е потребно да се има бидејќи народ што нема своја сопсвена идеологија , наместо да ја создава и наместо да ја има како ѕвезда водителка за придвижување , ќе се служи со цртанки. Да беа барем и исцртувањата сопсвени ,да речевме секоја чест , но дали се ? Народ што нема своја сопствена идеологија , трча по туѓи , прегрнувајќи ги како свои и сопствени.Народ што нема свои цртенки , ќе исцртува со туѓи линии,. Идеологијата која ќе е база за создавањето на стратегија , на платформа преку која ќе се создава и вреднува и оствареното и создаденото. Идеологија која ќе создава услови за враќање на запуштените морални вредности ,кои ќе гледаат и пошироко отколку математиките на парата. Да се има идеологија е чест и гордост , затоа што преку нејзе се трасира и целта кон која се тежнее. Проблемите во Републикава не е во имањето, туку во немањето на идеологијата . Преку идеологија кон владеење на институциите на системот и нивна поставеност во фунција на остварувањето на Владеењето на Словото на Законот . Мотивираноста во соборувањето на криминалот го согледавме тогаш кога Украинците мотивирани за подобро утре и живот надвор без диктатортсво , го набркаа Јанукович. И што се случи ден потоа ? Каква е Украина денес ? Мајданците пратени на Источниот Фронт . Што ќе биде со нас со денот потоа ? Источен Фронт , меѓумакедонски фронт , фронт на разграничување со малцинствата и воведувањето на босанскиот модел во Републикава ? Најлесно се манипулира со народ кој нема своја сопствена идеологија . Поз _______________________ Кратко: Идеологија е систем на верувања, доктрини па и митови, кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт. Најчесто зборот идеологија се употребува заедно со зборовите, комунистичка, социјалистичка, капиталистичка или фашистичка идеологија. _________________________________ “...кои често се однесуваат на некој општествен план што го има одредена власт..’’ Дали и нашите стари имале општествени планови кога се залагале , твореле и себежртвувале во насока на создавањето на идеологијата посветена на Македонија ? Ако имале кои се и каде се ? Дали под турско на пример турската Власт им овозможувала такво нешто? -Секако дека не . И бидејќи сте упатени во она што пишувате , сте го искористиле зборчето “често ’’, кое ви овозможува амортизирање на изнесеново објаснување ,преку дополнителното што не сте го испишале , но ќе простете читливо е меѓу редовите и тоа во ваква ненапишана форма “често , да . често , но секако отстапувањата постојат “ Идеологијата е движечка сила , која овозможува преку “да се знае како’’ пристапот остварување на нешто повеќе одколку она што сте го објасниле како “општествен план ’’. Идеологијата е придвижување и кон она што треба да биде “општествен план ’’ , откако со нејзина , со идеолошка посока ќе се стигне до создавањето на општетсвениот систем . Од вашето објаснување , како што читаме , кратко објаснување , вие на терминот сте му пристапиле кон негово злоупотребување , наведувајќи го во негатвен контекст , поставувајќи го на на место што не му прилега . Дали можете преку овој термин да сторите разлика меѓу термините националист и нацист ? Да речеме дека историјата памети дека Де Гол бил голем националист , кој водел движењето на Отпорот против тогашните нацистички окупаторски сили . Во вашето цртање сте исцртале дека националист е нешто мнооогу страшно . Дали е тоа случај кога се однесува само за национализмот кај Македонците , но не и во случај кога национално се будат да речеме “Французите ’’ ? Значи замолувам поопширно објасување , за значењето ан терминот идеологија , Благодарност однапред